Како сами да направите влажни марамчиња за своите најмили? (ВИДЕО)

Џој Ратима, австралиска блогерка и мајка објави видео во кое покажува како можете лесно да направите влажни марамчиња

0
112

Австралиската блогерка и мајка Џој Ратима станала витинска сензација на Интернет откако снимила видео со упатство како можете сами да направите влажни марамчиња за бебиња. Таа вели дека купечките марамчиња имаат долг список на хемикалии што се наоѓаат во нив, а ние ги користиме за чистење на најскапоценото нешто што го имаме: нашите деца.

За да направите сами влажни марамици за своето бебе ви требаат:

пластичен сад

кујнска хартиена ролна

кокосово масло

колку што е можно поприроден гел за тело

врела вода

Постапката е едноставна: пресечете ја ролната на половина и ставете ги во пластични садови што одговараат на нивната големина.

Во сад за матење одвојте една голема лажица кокосово масло, два пати стиснете го гелот (кој исто така треба да е што е можно поприроден), додадете зовриена вода, добро промешајте и прелијте ја ролната.

Фото: Скриншот/Јутјуб

[better-ads type='banner' banner='999' ]