Како реагира вашето дете на лоши оценки?

Набљудувајте ги реакциите на вашето дете во различни ситуации, кога ќе добие лоша оценка, кога ќе изгуби натпревар или кога не се согласува со другарите. Не ги игнорирајте овие реакции

0
175

Истражувањата покажуваат дека реакцијата на детето и образложувањето на личниот неуспех зборува доста за то дали ќе престане да се труди. Помогнете му на детето такашто ќе обрнете внимание на она што зборува кога го опишува својот неуспех во нешто. Покажете му како да ги гледа работите од друг агол и да го поправи своето влијание.

Почнете такашто ќе ги набљудувате реакциите на вашето дете во различни ситуации, кога ќе добие лоша оценка, кога ќе изгуби натпревар или кога не се согласува со другарите.

Задолжително реагирајте на следниве реченици:

„Јас сум виновен (на)!“ – Детето сѐ сфаќа лично

И децата и возрасните кои се обвинуваат себеси за сѐ, без да обрнат внимание на работите кои се надвор од нивното влијание, а кои придонесле за неуспехот, најверојатно имаат ниско ниво на самодоверба. Ќе го препознаете ова во реченицата: „Јас сум глупав (а), ете зошто добив единица!“ која покажува дека детето ја сфатило оценката лично. За разлика од тоа, речениците како: „Не учев доволно овој пат“, „Учителот не ни го објасни ова добро“ или „Бев гладен (а) и нервозен (а) затоа што не стасав да појадувам“, се објаснувања врзани за надворешните причини и сите се врзани за работи на кои може да се влијае следниот пат.

„Никогаш не ја правам добро контролната работа, секогаш грешам“ – Детето сѐ гледа како трајно и нерешливо

Ако вашето дете ги користи зборовите „секогаш“ и „никогаш“ за да го објасни својот неуспех, потребно е да поработите на неговата самодоверба такашто ќе го потсетите на моментите кога се случило спротивното. Можете да го потсетите на контроланата од некој друг предмет која одлично ја направил или на некој друг успех кој го постигнал. Помогнете му грешките и неуспехот да ги гледа како привремени ситуации од кои може нешто да научи.

„Ништо не ми оди, сѐ што ќе направам е погрешно“ – Детето гледа на неуспехот како на сеприсутна појава

Научете го детето да го гледа неуспехот како изолиран настан за да не се префрли неуспехот во училиштето на сите други полиња. Секое дете има свои посилни страни. Училиштето ја нагласува важноста на оценките но во вистинскиот живот постојат луѓе кои не се добри во училиште но и покрај тоа се многу талентирани за нешто, само не на начин на кој тоа се мери во училиште. Откријте ги силните страни на вашето дете и истакнете ги. Помогнете му да го поправи успехот во училиште, но исто така поддржете го и фалете ги неговите успеси на другите полиња, надвор од училницата, без оглед дали станува збор за уметност, музика, спорт, за однос со другарите и слично.

[better-ads type='banner' banner='999' ]