Ова истражување, спроведено над 3.000 деца на возраст меѓу 8 и 12 години, го следи нивниот развој од 1968. година до денес.
Анализиран е нивниот коефициент на интелигенција, оценките на училиште, односот со соучениците, воннаставните активности, интересите, семејните односи … генерално, биле анализирани нивните ставови и однесување. Резултатите од студијата биле неочекувани.
Обично, од „проблематичните“ деца не се очекува да постигнат поголем успех во животот и излегува дека ова е сосема погрешно мислење.
Студијата која покажала дека децата кои обично им пркоселе на авторитетите, имаат тенденција да поставуваат прашања, да истражуваат работи што се случуваат околу нив и да мислат „надвор од границите“. Научниците откриле дека од оваа нивна бунтовна црта во иднина се изродила изразена креативност, особено кога станува збор за нови идеи на работа или осмислување и започнување на сопствен бизнис. Лицата кои „предизвикувале проблеми“ во детството – тврдоглави, непослушни, бунтовни и пркосни деца, во зрелоста, зафаќале високи позиции на работа и заработувале повеќе пари од оние кои имале подобри оценки и генерално биле подисциплинирани во детството.
Научниците заклучиле дека една од клучните причини за ваквиот развој во подоцнежниот живот е себичноста што ја изразуваат овие деца. Бидејќи не ги почитувале правилата што им ги наметнувале училишните авторитети или родителите, тие го примениле истиот модел во подоцнежната возраст. Игнорирајќи ги правилата и вооружени со добри вештини за преговарање, тие барале повисоки плати, подобри услови за работа и слично и успеале да ги издејствуваат.
Фото: Pixabey