Како пандемијата влијае на развојот на децата до три години

Досега се откриени бројни докази дека пандемијата им наштетила на менталното здравје и емоционалниот развој на многу деца. Некои истражувања покажуваат дека 60% од тинејџерите велат дека се осамени, а докажано е дека децата на возраст меѓу пет и 11 години сè повеќе имаат потреба од разговор со експерти за ментално здравје. Што е со оние од 1 до 3 години?

0
126

Иако сите се надеваа дека пандемијата нема да трае толку долго, сè уште е нејасно кога ќе се вратиме на кое било ниво од старото нормално. Изолацијата и недостатокот на социјален контакт влијаат на сите, вклучително и на децата.

Затоа HuffPost одлучи да разговара со неколку експерти за влијанието на пандемијата врз децата. И особено на малите деца, оние на возраст од една до три години, од кои многумина сега поминаа една третина од животот дружејќи се само со најблискиот круг на луѓе.

Досега се откриени бројни докази дека пандемијата им наштетила на менталното здравје и емоционалниот развој на многу деца. Така, некои истражувања покажуваат дека 60% од тинејџерите велат дека се осамени, а докажано е дека децата на возраст меѓу пет и 11 години сè повеќе треба да разговараат со експерти за ментално здравје.

„Загрижена сум дека пандемијата влијае на развојот на децата“, рекла Обри Харгис, авторка на книгата Toddler Discipline for Every Age and Stage: Effective Strategies to Tame Tantrums, Overcome Challenges, and Help Your Child Grow (Дисциплина за секоја возраст и стадиум: Ефективни стратегии за да ги смирите изливите на бес, да ги надминете предизвиците и да му помогнете на вашето дете да порасне.

„Но не сум загрижена за малите деца, односно, за т.н. тодлери“, додала таа.

На малите деца им е потребно да бидат во безбедно опкружување

Тоа е затоа што на малите деца им е потребно да бидат во пријатно и безбедно опкружување со луѓе кои се грижат за нив, рекла Харгис. Ако тие потреби се задоволени, тогаш малите навистина треба да бидат добро.

Изолацијата и социјалната дистанца, на крајот на краиштата, не го ограничија многу светот на помладите деца.

„Сите работи што треба да ги развијат малите деца веројатно ќе бидат на свое место: играчки или други предмети за игра, малку мебел на кој можат да се качат, чорапи за да научат како да се облекуваат, сос со тестенини за да ги ангажираат своите сетила и возрасен или брат или сестра за да разговараат со нив и за да ги развијат рецептивните и експресивни јазични вештини“, смета Харгис.

Една од главните причини зошто експертите всушност не се грижат за тоа како пандемијата може да ги оштети едногодишните, двегодишните и тригодишните деца? Малите деца се развиваат преку игра, но играта во оваа фаза не бара многу пријатели.

„На оваа возраст, децата главно се занимаваат со паралелна, а не со заедничка игра“, објаснила Харгис.

На оваа возраст, нема потреба да се грижите за недостатокот од интеракција со врсниците

Според нејзиното мислење, паралелната игра е нешто што и онака родителите го прават со своите деца сосема инстинктивно. Затоа, на оваа возраст, не треба да се грижите за недостатокотод интеракција со врсниците.

Ова е една од причините што студиите генерално не ја потврдуваат идејата дека предучилишните програми имаат такви длабоки социјални, емоционални и образовни придобивки како што експертите некогаш веруваа дека можат да ги имаат. односно, од чисто развојна перспектива, тоа не е неопходно за малите деца.

„Мислам дека родителите потценуваат колку можат да направат со своите деца во својот дом“, рекла Беки Кенеди, клинички психолог од Њујорк.

Родителскиот стрес и депресијата можат да го попречат развојот на детето

Децениски истражувања покажаа дека родителскиот стрес и депресијата можат да го попречат емоционалниот и бихејвиоралниот развој на детето. Значи, иако експертите не се во голема мерка загрижени дека малите деца пропуштаат големи развојни пресвртници за време на пандемијата, тие се загрижени затоа што родителите ненамерно можат да ги пренесат своите стравови и грижи на своите мали деца. Како што вели Кенеди: „Малите деца навистина ги забележуваат и согледуваат сечии чувства и сечиј стрес“.

Но, тоа не значи дека родителите треба да ги кријат своите борби и чувства од малите деца. Тие треба да бидат поотворени за децата да можат да разберат што се случува. Игнорирањето на проблемите пред децата може да доведе до чувство на страв кај децата, самообвинување и сомневање во себе.

Исто така, важно е дека во отворени разговори со децата за ковид-19 и промените што тој ги внесе во нивните животи, родителите да бидат смирени и да ги прашуваат децата што знаат за тоа. Ако тие не сакаат да зборуваат за тоа или едноставно не им се допаѓа тој вид разговор, не ги присилувајте!

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]