Како памтат децата? Дури со една година бебињата запомнуваат како изгледаат 

Бебињата на шест месеци се во состојба да запомнат некои ситуации, но само на 24 часа. Околу втората година, се развива меморијата на зборови, за што сведочи рапидно растечкиот вокабулар

0
240

Луѓето обично не се сеќаваат на првите години од животот, но науката вели дека бебињата памтат многу порано отколку што мислиме.

„Повеќето научници се согласуваат дека веќе до возраст од два месеци, новороденчињата прават разлика помеѓу луѓето, дури и нивните расположенија, што значи дека помнат лица. Сепак, сеќавањето за нивниот сопствен изглед се појавува дури околу првиот роденден”, објаснила д-р Оксана Хагерти, американски развоен психолог.

Ова значи дека до таа возраст, тој секогаш одново ќе се воодушевува од „новиот“ лик во огледалото. Бебињата на шест месеци се во состојба да запомнат некои ситуации, но само на 24 часа. Околу втората година, се развива меморијата на зборови, што е видливо и по рапидно растечкиот вокабулар.

После една година, сеќавањето на бебето е сè подобро, но сè уште не е трајно.

Говорот е клучен

Приближно во исто време, визуелно-просторните капацитети се прошируваат, такашто тие можат да ја запомнат патеката од едно до друго место. Развојот на говорот е и преломен момент во помнењето, бидејќи сè додека не зборуваат и не се доживуваат себеси како единка, немаат ниту способност за складирање на автобиографска меморија.

Лажењето се појавува во четвртата година и иако е непожелна особина, тоа е големо достигнување од психолошки аспект. Имено, за да бидат способни да излажат, мора да вежбаат напредна меморија и да знаат што знаат или не знаат другите луѓе.

Изразите на лицето и тонот на гласот се поважни од зборовите што му ги кажуваме на детето.

Што се однесува до долготрајната меморија, постои феномен наречен „детска амнезија“. Ова значи дека децата се сеќаваат на настаните од пред третиот роденден само кога се мали, а тие спомени бледнеат веќе околу седмата година.

Отпрвин, научниците сметаа дека тоа е поврзано со развојот на говорот, но сличен вид на амнезија покажале и стаорците и други животни. Канадските научници веруваат дека причината што ги забораваме најраните искуства е растот на нови клетки во мозокот.

Меморијата се вежба

Но, родителите мораат да влијаат на тоа колку децата ќе запамта одреден настан. Со поставување сугестивни прашања, им помагаат на децата подетално да го процесуираат настанот и да го прераскажат со свои зборови, што ја поттикнува меморијата. Тоа може да биде корисно и подоцна во животот, на пример во училиште.

7 работи што вашите деца ќе ги запомнат за вас кога ќе пораснат

Способноста на помнење не е нешто што сме го наследиле, туку може и да се извежба како мускули. Колку повеќе се користи, станува подобро и посилно. Загатки, сложувалки, прашалници, аналитички игри …, сето ова помага за подобра меморија. Корисни се и физичката активност и, се разбира, фокусот. Помогнете им на децата да се сконцентрираат и другите работи да не им го одвлекуваат вниманието. Исто така е важно да се открие кој тип на дете е – визуелно или аудитивно, бидејќи тоа може да направи голема разлика во пристапот кон учењето.

Ги пронајдовме најдобрите друштвени игри за вашите најмалечки

Сеќавањата го поттикнуваат и фотографиите, како и многу разговори во предучилишниот период, кога нивниот мозок е како сунѓер. Она што децата никогаш не го забораваат е гласот на мајката, кој исто така е еден од најраните спомени, и за жал, најдобро ги памтат трауматските настани затоа што сакаме да избегнеме да се повторат.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]