Како отсутноста на таткото влијае на децата

Замислата дека децата можат успешно да опстанат во светот на двата пола, снабдени со обрасците на однесување од припадникот на само едниот пол, е многу штетна. Од детска возраст па натаму е неопходно да се имаат обрасци на однесување на двата пола.

0
368

Многу деца растат без татко, некои затоа што тој ги напуштил, некои затоа што после разводот на родителите таткото едноставно нема рамноправно присуство во животот на детето, а некои пак затоа што иако е таткото физички присутен во домот, поминува малку време со децата.

Во написот со наслов Why Are Fathers Failures? („Зошто се татковците неуспешни?“) д-р Пол Попенои, бившиот директор на Американскиот институт за односи во семејството, дава уште посилна изјава:

„Замислата дека децата можат успешно да опстанат во светот на двата пола, снабдени со обрасците на однесување од припадникот на само едниот пол, е многу штетна. Од детска возраст па натаму е неопходно да се имаат обрасци на однесување на двата пола“.

Во технолошки развиените земји бројот на деца кои живеат само со еден родител во 1960.година било едно од десет, а веќе во 1978.година приближно едно од пет. Денеска ситуацијата е многу потешка, и се очекува натамошно намалување на тие пропорции не само поради зголемениот број на разводи, туку и поради зголемувањето на бројот на еднополови бракови.

Ваквите статистики се вознемирувачки. Уште милион деца нема да пораснат под урамнотежено влијание и на машкиот и на женскиот родител.

Тие деца емоционалните проблеми и лузни ќе ги следат во личниот живот, бракот и во родителските должности.

Условите во семејството влијаат на развојот на личноста на детето.

Татковците и мајките се за детето највлијателните личности. Ако тие меѓусебе се сакаат и соработуваат, ако имаат јасно одредени улоги, децата ќе се развиваат здраво и складно. Кога тој образец е нарушен на било кој начин, децата ќе доживуваат разни емотивни пореметувања.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]