Како коронавирусот влијае врз бебињата и дали мајките имаат причина за страв?

Разбирливо е дека се грижите за коронавирусот. Повеќето луѓе кои го добиваат ќе имаат благи до умерени симптоми и нема да станат сериозно болни. Еве што треба да знаете кога станува збор за деца, пишува Baby Centre.

0
258

Коронавирусот е еден вид вирус што предизвикува респираторни проблеми. Во повеќето случаи на коронавируси, медицинската состојба се подобрува самостојно, но болеста сепак може да биде сериозна. За жал, околу 3,5% од луѓето со потврден коронавирус починале од оваа болест. Повеќето од луѓето кои починале биле постари лица или имале здравствени состојби кои ги направиле ранливи на компликации.

Дали моето бебе или дете ќе добијат коронавирус?

Иако бебињата и децата можат да го добијат вирусот, има помалку случаи на заболувања кај оваа возрасна група во споредба со возрасните. Бебињата и децата се смета дека имаат помала веројатност да се разболат како резултат од добивање на вирус.

Кои се симптомите на коронавирус?

Симптомите на коронавирус се слични на настинка или грип. Може да вклучуваат треска, покачена температура, кашлица, отежнато дишење …

Што треба да направам ако забележам дека моето бебе или дете има коронавирус?

Ако сте загрижени дека вие или вашето дете може да имате коронавирус, не одете кај матичниот лекар, во аптека или во болница. Наместо тоа, користете го телефонскиот број за коронавирусот за да дознаете повеќе. Во моментов се советува дека секој што добил температура или имаат континуирана кашлица, без никакви други симптоми – е добро да се обиде да се самоизолира.

Може ли да го нахранам и да го чувам своето бебе ако имам коронавирус?

Сѐ додека вашето бебе е добро и нема потреба од посебна грижа, советот е дека сè уште можете да се грижите за него и да го храните како што сте планирале. Ако се сомневате или е потврдено дека постои коронавирус, или дека вашето бебе е во поголема опасност да се разболи или е под посебна нега, вашиот лекар најдобро ќе ве советува за тоа како да се грижите за вашето бебе и што е најдоброто што можете да го преземете за вас двајцата.

Ако вашето бебе е здраво, можете да го храните со шишенце или да го доите. Нема силен доказ дека коронавирусот се пренесува преку мајчиното млеко.

Главниот ризик е вашето бебе да го добие вирусот од близок контакт со вас. Без оглед на кој начин го храните, мора да внимавате на бебето кога сте близу до него.

– Секогаш мијте ги рацете пред да ги допрете бебето, апаратчето за издојување или шишето.

– Носете маска додека го храните вашето бебе.

– Чистете го апаратот за издојување после секоја употреба.

– Размислете да прашате некој кој е здрав да го нахрани бебето со млеко.

Ако го храните бебето со формула, строго следете ги упатствата за стерилизација. Во болницата, би требало да користите апаратче за издојување, кое го користите само вие.

Ако се сомневате или е потврдено дека имате коронавирус, вашето бебе ќе биде тестирано и внимателно ќе се надгледува поради знаците и симптомите на болеста. Бидете сигурни дека дури и ако вашето бебе има вирус, болеста е малку веројатно да се развие во нешто сериозно. Ако сепак развие сериозни симптоми, бебето ќе биде однесено на интензивна нега.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]