Како една мајка го научила на памет својот син

Тринаесетгодишникот им се потсмевал на децата кои носат ефтина облека, па мајката му одржала добра лекција

0
768

Една мајка од американската држава Џорџија не знаела што да прави кога нејзиниот 13-годишен син почнал премногу да бара. Имено, Ентони почнал да се однесува како да е премногу добар за да купува во супермаркети како „Валмарт“ и имал потсмешливи коментари за децата од неговото училиште кои носеле облека од „втора рака“.

Неговата мајка не сакала тоа да го толерира и одлучила нејзиниот син цела недела на училиште да носи само половна облека која ја набавиле за 20 долари во една продавница за облека од „втора рака“ и ја објавила целата приказна на Фејсбук. Нејзината објава е споделена повеќе од 260.000 пати, добила повеќе од 700.000 „лајкови“.

Повеќето ѝ честитале на одлуката, а некои ги споделиле и своите стратегии во воспитувањето на децата.

„Јас пораснав на грашок и на ориз, немавме греење освен во кујна и не ни даваа да гледаме ТВ, напишала друга жена, објаснувајќи дека поради своето тешко детство сакала на својот син да му овозможи многу повеќе.

„Но кога тој почнал да се однесува како да му е баш сѐ нужно и неопходно, го запишав во програма за волонтирање кадешто помагаше во приготвување на оброци за сиромашните деца.

Многумина се сложиле дека е многу важно да ги научат децата на благодарност.

„Цената на облеката која ја носат нашите деца не е важна. Важно е какви личности ќе станат. Сигурна сум дека наскоро ќе ги видите позитивните резултати од оваа ваша лекција. Браво мајко!“, напишала Давн Кимберли.

„Многу ми се допадна оваа приказна и ако повеќе луѓе на сличен начин ги воспитуваат своите деца, овој свет ќе беше поубаво место“, рекол Џејми Брајант.

Сепак, имало и такви кои ѝ забележале што купувањето во продавница од „втора рака“ го прикажала како казна.

Мајката објавила и продолжение на приказната во кое објаснила дека нејзиниот син ѝ дал дозвола да го објави целиот случај на Фејсбук.

Сепак, рекла дека е шокирана од реакциите на некои луѓе.

„Не го направив тоа за да го казнам синот, туку да го научам на важна лекција. Сигурна сум дека ќе се сеќава на ова со симпатија“, рекла таа.

[better-ads type='banner' banner='999' ]