Дури и кога родителите пред детето глумат складен однос, тоа веќе околу четвртата година може да заклучи дека нешто не е в ред помеѓу мама и тато.
Се вели: „Подобро добар развод отколку лош брак“. Некои пак, најчесто поради децата, поскоро бираат да останат во брак во кој не се среќни. Тоа го прават затоа што сметаат дека со разводот би останале без стварноста што ја креирале за себе, а во која децата имаат важна улога, дека би ја изгубиле можноста секојдневно да ги гледаат, да ги воспитуваат, дека на некој начин емотивно би ги осакатиле. Заради тоа трпат незадоволство, недостаток на љубов кон партнерот, а неретко и од негова страна, ладен однос кој сѐ повеќе им ги стега срцата, само за да ги остават децата во топол родителски дом. А колку е всушност тоа добро за сите?
„Кога децата ќе дојдат, тогаш таа и тој повеќе не се еден на друг жена и маж, туку се и мајка и татко. Се појавуваат нови улоги кои ги поврзуваат преку грижата за децата. Кога ќе настане несогласување помеѓу нив како маж и жена, тие можат психолошки да се „преселат“ во улогите на мајка и татко затоа што помеѓу тие улоги нема несогласување“, вели српскиот психотерапевт Зоран Миливојевиќ.
Развод на родителите: Детето најмногу страда во „партнерските игри“
„Тие можат да поминуваат време во тие улоги разговарајќи за децата и грижејќи се за нив, запоставувајќи ја улогата на маж и жена. Со текот на времето, тие остануваат блиски како родители, но се оттуѓуваат како сопружници. Тогаш тоа прави типичен „родителски брак“ кои го поврзуваат токму децата. Во нашата култура, луѓето кои се незадоволни со односот со партнерот и кои нашле љубовник или љубовница, главно не сакаат да се разведат затоа што се плашат дека тоа ќе има негативни последици на децата. Тие е чувствуваат виновни и мислат дека се себични ако се одлучат за својата среќа, сметајќи дека ќе ја уништат детската. Некогаш љубовниата со години го чека него да се разведе, и бидејќи тој не го прави тоа, смета дека тој сепак ја сака својата жена. Но тој останува во брак во кој е незадоволен токму поради тоа што не сака да ги „повреди“ децата.
Има чувство дека мора својата среќа да ја жртвува поради среќата на децата. Во многу примери, токму односот кон децата ги спречува луѓето да се разведат и влијае тие да останат во незадоволителни односи. Ова лично жртвување заради децата е неоправдано. Заблуда е дека децата мораат да бидат жртви на разводот. Ако родителите се разведат цивилизирано и ако продолжат да бидат одговорни родители и после разводот, децата нема да имаат никакви трауми и ќе пораснат во ментално здрави и задоволни личности.
Сами одлучуваме
Какви последици врз децата остава животот во таквата заедница? Претпоставуваме дека ја чувствуваат тензијата, па и пасивната агресија помеѓу родителите.
„Возрасните би требало да имаат добри односи заради себе, а не заради децата. Тие можат да глумат добри односи, но тоа веројатно нема долго да трае. Не треба да се преценува влијанието на децата. Секако дека е најдобро кога мама и тато добро се согласуваат, но и пасивната агресија и тензија се подобри од насилството, алкохолизмот и другите видови малтретирање. Некогаш е подобро да се остане во лош брак, отколку да се разведе, такашто оваа одлука секогаш треба да ѝ се препушти на самата личност и не треба, доколку е тоа некој кој ни е близок, да го убедуваме да постапи вака или онака. Таа треба да одлучи самата, а пријателите и роднините се тие кои треба во тоа да ја поддржат и да ѝ помогнат околу децата.
Дали постои можност децата да усвојат такви обрасци на однесување и да ги „пресликаат“ во своите љубовни односи?
„Секако дека децата усвојуваат обрасци, но тоа е многу комплексно затоа што, покрај родителите, на децата многу моќно влијаат и медиумите и врсниците. Ако децата биле задоволни со односите на своите родители, тие тежнеат кон тоа да ги повторат. Ако биле незадоволни, кога ќе пораснат бараат нови модели затоа што не сакаат да бидат како родителите. Тоа особено се однесува на девојките кои во своите мајки гледаат жртви и не сакаат и самите да бидат тоа, такашто бараат други примери кои се обидуваат да ги имитираат во својот љубовен живот.
Од колку години на децата им е веќе јасно дека дека помеѓу родителите не е сѐ така како што би требало да биде?
Ако родителите отворено и грубо се караат, тогаш уште од втората година. Ако родителите се караат кога детето не е тука, ако пред децата глумат, тогаш веќе околу четвртата година можат да заклучат дека нешто не е в ред помеѓу мама и тато.
Што се случува при таков избор со партнерите?
Кога гледаме од нивна позиција, имаме ли право да го жртвуваме сопствениот живот поради други?
„Не треба да се жртвуваме поради други, ако за тоа не постојат некои посебни причини. Секој има право на среќа и задоволство, но нема секој можност да си обезбеди себеси квалитетен живот. И затоа секој проценува за себе дали да се жртвува, колку долго и кога треба да престане.
Жртвувањето секако дека не е добро, ниту во емотивна ниту во физичка смисла, но секој проценува за себе, што губи а што добива.
А кога малечките ќе пораснат…
Имаат ли таквите бракови иднина кога децата ќе пораснат?
„Како кој. Оние кои се брак само поради децата, кога децата ќе пораснат го губат тој аргумент. Дали тогаш ќе се разведат зависи пд тоа како се проценуваат себеси, своите способности и какви шанси им се нудат во животот. Некои се разведуваат тогаш, без оглед дали ќе најдат некој друг или ќе останат сами. Некои одлучуваат да останат заедно, но тоа обично не се задоволувачки бракови. Во секој случај, растењето на децата и одвојувањето од родителите е она што предизвикува криза во овие бракови. Од таа причина некои родители го саботираат и растењето и одвојувањето од возрасните деца, такашто ги задржуваат дома и се однесуваат кон нив како да не се возрасни затоа што им се потребни мама и тато.
Како да се „пресече“?
Разни луѓе даваат во различни ситуации и затоа е тешко да се даваат рецепти. Секако треба да се процени што е подобро за нив, а некогаш што е помало зло: да се остане или да се замине од врската. Во таа проценка учествуваат голем број варијабили, такашто е секој случај специфичен. Она што покажува праксата е дека луѓето се одлучуваат на развод тогаш кога се подготвени за него. Некогаш на ова му претходи процес од некоку години, колку што им требало да престанат да се надеваат дека ќе биде подобро и да се подготват и емотивно и практично за разводот. Во некои случаи е најтешко да се подготви партнерот да го прифати разводот како тажна, но нужна одлука.
Последици
Истражувањата на Е.Мејвис Хетерингтон и Џон Кели, за книгата „Во добро и во зло“: Разгледување на разводот“, покажуваат дека речиси 80 отсто од децата после разводот на родителите се чувствуваат подеднакво добро како и оние од складните семејства. Клучен предизвик е да се обезбеди соработка помеѓу мајката и таткото во родителствувањето, заради доброто на децата. Таквиот став и обврска го прават самиот процес на развод помалку болен и повеќе придонесуваат за одгледување на успешни деца.
Фото: Pixabey