Внесувањето витамини за децата е императив посебно во зимските месеци кога на
организмот му е потребно дополнително потхранување со состојки кои го засилуваат имунитетот. Витамините, посебно витаминот А, витамините од групата Б, витаминот Д, исклучително важен воовој период, како и витаминот Е покрај примарната функција во одредени процеси во организмот, своја улога имаат и во целосното јакнење на имуниот систем.
Но, за јакнење на имунитетот покрај витамините, имунолозите и педијатрите
препорачуваат исхрана богата со минерали и нутриенси, со акцент на протеини и
калциум, заради нивниот вкупен заеднички придонес кон отпорноста на организмот
кон болести и инфекции.
Овошјето и зеленчукот како најдобар извор на витамини и минерали, не се постојано достапни, а покрај тоа треба да се консумираат во поголеми количини за да бидат задоволени потребите на организмот. Исто така, кај некои деца постои отпорност кон овошје и зеленчук, па затоа алтернатива се млеката со збогатен, витамински состав како што е Битолското млеко со 10 витамини.
„Најдобар начин за примање на потребните витамини е преку храната, и производи
збогатени со витамини. Со секојдневно внесување на разновидна храна се
обезбедуваат потребните хранливи материи, витамини и минерали кои се неопходни
за правилен раст и развој на детето. При тоа се обезбедува максимална
искористливост на истите и нема опасност од преголемо внесување на одредени
витамини“, вели педијатар имунолог, д-р Катарина Ставриќ.
Докторите посебно го издвојуваат значењето на минералот калциум и неговата улога во зацврстувањето на коските, но, според нив потребно е да се внесуваат секојдневно и во големи количини за да се обезбеди потребната доза калциум која инаку се обезбедува и со една чаша млеко.
„Млекото е најдобар извор на калциум затоа што е во форма која лесно ја апсорбира телото, а збогатените млека со витамин Д, дополнително ги задоволуваат дневните потреби и од овој витамин. Улогата, пак, на витаминот Д е подобрување на ресорпцијата на калциумот и фосфорот од млекото и ја одржува соодветна нивната концентрација во крвта. Со тоа се обезбедува нормално окоснување на коските.
Калциумот е посебно важен кај детскиот организам кој интензивно расте во првите
години на живот, но и покасно особено во периодот на пубертет”, додава д-р Ставриќ.
Улогата на млекото во формирањето на младиот организам е неспорна, и затоа
потребно е да се консумира континуирано. Иако децата сакаат да пијат млеко, сепак како дополнителен стимул за примање на потребните дози од витамини, калциум, протеини, фосфор, е Битолското чоколадно млеко со десет витамини, коешто ги поседува потребните хранливи состојки и го снабдува детскиот организам со тоа што му е потребно за правилен раст и развој.
Фото: Pexels