Како детето навистина да тргне за 5 минути кога ќе го повикате?

За 5 минути си одиме од паркот. Во 8 си одиме дома. Во 5 си доаѓаме од работа и потоа одиме на роденден. Во сабота ќе одиме во зоолошка градина...

0
612

Колку пати детето навистина тргнало за пет минути кога сте му рекле?

Колку пати го повториле прашањето „А кога ќе дојде тато?“, а вие сте му одговориле – „Па ти кажав, во 5!“. Колку пати до сабота го повторило истото прашање – „Кога ќе одиме во зоолошка градина?“

За да се поштедите себеси од повторување на истите работи, но и од очекувањата детето после тие пет минути навистина да тргне дома и да се нервирате што „не ве послушало“ – престанете да му зборувате во сатници.

Децата немаат исто доживување на времето како возрасните – односно немаат искуство што точно значат 5, 10 минути, шест попладне, сабота… За нив се тоа само зборови заради мама и тато понекогаш „се лутат“, но нивното вистинско значење еден двегодишник, тригодишник, па и петгодишник, едноставно не го разбира. А посебен дел е што дури многу подоцна ќе научи да гледа на часовник, и дури околу шестата, седмата година навистина ќе почне да ги разбира временските одредници и рамки. Значи пред оваа возраст зборувањето за минути само ги збунува децата, а најмногу поради родителските очекувања и реакции.

Сега се прашувате – Па, како тогаш да му кажам дека треба да тргнеме за 5-10 минути?

Такашто, тоа барање, односно, тие 5 минути ќе ги претвируте во нешто што му е познато на детето! На пример, ако сте во парк и сакате да тргнете, одберете некој број и кажете му на детето – Кога ќе се спуштиш три пати по лизгалката одиме дома! И потоа заедно бројте со детето за да создаде искуство. Секако, не очекувајте дека се ќе функционира веднаш после првиот пат и дека детето веднаш ќе тргне од паркот накај дома, затоа што е ова сепак процес на учење. Но секако дека на овој начин ќе му oлесните на детето да разбере кога следниот пат ќе му кажете да оди дома после 3 спуштања по лизгалката (10 нишања на нишалката, 2 круга трчање околу паркот – бидете креативни).

Кога сакате детето да извршува некои рутиснки работи во одредено време, претставете му ги на сличен начин – поврзете го временското барање со искуство кое го има од претходно. На пример, наместо да му кажете: Во 7 часот одиме на бањање, немој да те викам сто пати! – пуштете некоја песничка која му е позната на детето и кажете му: Кога ќе заврши песната тоа е знак дека е време за бањање.

Ако тато доаѓа од работа во 5, на детето таа информација ќе му биде појасна ако кажете вака – Кога ќе ручаме (или кога ќе се разбудиш) и кога ќе прочитаме една сликовница, тато ќе дојде од работа. Значи , поврзете го времето на доаѓање со нешто што му е познато на детето, што е рутинско и се повторува секој ден во исто време. Тука, на пример, ако детето има четири години, можете веќе  да го поврзете со искуството и бројките на часовникот или положбата на стрелките  и така постепено и на нему разбирлив начин да ги воведете во светот на минутите и часовите –  Eте, ручавме, прочитавме приказна и сега е на часовникот бројот 5 (покажете му). Тоа значи дека тогаш доаѓа тато.

Што се однесува на денот кога планирате нешто со детето, во вторник нему саботата ќе му изгледа како што вам ви изгледа летниот одмор во декември!

За да не дојдете во ситуација безброј пати да повторувате кога ќе биде сабота, на детето помладо од три четири години, нема потреба да му најавувате нешто што му е временски далеку. Едноставно, во петок попладне или во сабота наутри известете го дека одите во зоолошка градина. Ако е детето постаро, послужете се со календар и покажете му кој ден е денеска, а каде е саботата. И секој ден нека прецртува по еден датум. Тоа ќе му даде малку појасна слика. Зборувањето во минути родителите го користат затоа што не знаат дека детето не ги разбира и немаат идеја како да го кажат тоа поинаку. И затоа, кога вашето дете во некои ситуации нема да ве послуша, не мислете веднаш дека е лошо и невоспитано, затоа што причината е нешто сосема друго – не сте му го кажале тоа на начин кој тоа може да го разбере.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]