Како да препознаете која дадилка е лоша?

Не е лесно кога треба првпат да го оставите своето дете во градинка, но ништо помалку стресно не е и оставањето со дадилка, особено ако е бебето се уште мало.

0
365

За да можете да процените дали дадилката што сте ја нашле е добра, морате малку да истражувате. Некои родители кои се сомневаат дека нешто не е во ред користат дури и скриени камери и други форми на надзор за да откријат што се случува.

Меѓутоа, и без овие „екстремни“ мерки, честопати е можно да се дознае дали нешто не е во ред набљудувајќи го однесувањето на дадилката и на детето.

Доколку забележите некои од следните знаци, тоа може да биде сигнал дека нешто не е во ред:

Вашето бебе не се радува кога ќе ја види дадилката, станува повлечено и вознемирено.

Секако дека дадилката не може да ги замени мама и тато, но секое дете би требало да ѝ верува и да ја сака својата дадилка. Можеби станува збор за тоа дека дадилката и бебето не усперале да се поврзат или дадилката едноставно не му ја дава топлината која му е потребна на вашето дете. Како и во секој друг човечки однос така и во овој случај, емотивната поврзаност е многу важна, ако не и најважна, посебно во овој случај.

Вашата дадилка не зборува за тоа како го поминала денот со вашето дете.

Времето што го минуваат заедно не би требало да биде тајна. Секоја мајка кога ќе дојде дома сака да знае што се случувало додека таа била отсутна. Доколку дадилката неволно разговара со вас на оваа тема, тогаш или нема добра комуникација со вас, или нешто крие.

На вашето бебе му се случуваат незгоди кои е едноставно да се избегнат.

Дадилката мора постојано да го има детето под назор и мора да знае што прави детето во секое доба за да ги спречи повредите. Ако повреди и незгоди се случуваат често, тогаш бебето не е под правилен надзор.

Дадилката не ги следи вашите упатства.

Родителите и дадилката треба да ја споделуваат грижата за детето. Меѓутоа, дадилката не би смеела да се однесува како да знае подобро од вас што му треба на вашето дете.

Вашата дадилка често доцни.

Дадилка која често доцни не може да е човек од доверба. Ако доцни кога доаѓа на работа, би можела да доцни и со задоволувањето на потребите на детето (преслекување, хранење, спиење,…). Во тој случај побарајте дадилка која се вложува во својата работа и која има обзири кон вашите потреби. Бавноста и честите изостаноци можат да укажуваат на немарност, а сигурно не сакате да имате покрај своето дете таква личност.

Детето често изгледа неуредно и валкано.

Ако не може да води сметка за основните потреби, како што е хигиената на детето, тоа може да биде знак дека не е подготвена да ја работи оваа одговорна работа, и дека не може да ги задоволи потребите на детето.

Забележувате ситни лаги.

Никогаш не толерирајте лага, кражба или заобиколување на вистината на било кој начин. Мора да имате доверба во дадилката. Ако имате чувство дека дадилката не е искрена или ако забележите дека дома ви недостасуваат некои работи (макар и дребулии), побарајте си друга дадилка.

[better-ads type='banner' banner='999' ]