„Сакам сите да ве убијам“ со таа изјава шестгодишната Саманта ги шокирала, но воедно и ги исплашила своите родители. Од тогаш, живееле во постојан страв.
Се почнало кога еден ден била фатена како на задното седиште од автомобилот ја дави помладата сестра. Родителите ја седнале на сериозен разговор и се обиделе да ѝ објаснат дека моела да ја повреди па дури и да ја убие својата сестра.
Саманта која била посвоена од семејството кога имала две години, само прокоментирала:
„Знам“. И тоа со таква рамнодушност што им се смрзнала крвта во жилите. Тогаш додала дека е тоа всушност нејзиниот план. Да ги убие сите.
Нејзините родители им ја опишале на новинарите кои правеле приказна за децата психопати, како дете кое растејќи сакало да им нанесува болка на другите.
Во нејзиното однесување имало доста загрижувачки работи.
Често знаела со своите играчки да игра сцени на убиства па цртала цртеи на различни оруја, дури и пластични кеси со кои некој би можел да биде угушен. Се преправала дека ги убива своите кадифени играчки. Во градинка, иако вее била одвикната д пелени, се мочкала врз другите деца, а на помаата сестра често знаела да ѝ ја земе касичката, да ја отвори и и да ѝ ги искине сите пари.
Своите роднини ги штипела и ги туркала, па им се смеела кога плачеле.
Кога ја прашале како се чувствувала кога ги убивала своите кадифени животни, кусо одговорила: „Среќно“.
Како што објаснила, се надевала дека еден ден ќе може тоа да ѝ го направи и на некоја личност.
Денеска, како 11.годишна, Саманта ги минува деновите во посебна установа кадешто секој ден се труди да го контролира своето насилничко однесување. Поставена ѝ е дијагноза „пореметување на однесувањето со својства на недостаток на емпатија и чувства“.
Новинарите напишале дека ги имала сите карактеристики на психопат во развој.
Постои цела низа застрашувачки приказни за деца склони кон опасно и импулсивно однесување. Но како воопшто доаѓа до такви склоности и со што е предизвикано психопатското однесување?
Може ли детето кое расте во целосно „нормална“ средина воопшто да стане психопат?
Психолозите се со поделени мислења.
Многу веруваат дека психопатите се раѓаат како психопати и дека околината нема врска со тоа што се, додека социопати се создаваат под влијание на животните околности.
Некои сметаат дека особините на психопатите се наследуваат генетски. Но многу луѓе со психопатско однесување доаѓале од богати, пристојни семејства, дури и од такви кои со децении биле уважувани и кај кои никогаш не постоеле никакви испади, а камоли психопатско однесување.
Голем дел од психолозите сметаат дека повеќето деца кои во себе имаат одредени психопатски склоности и самите дожживеале некој вид на малтретирање во животот.
Хедер Ирвин, која е клинички психолог, тврди дека првата година од животот на детето е пресудна и ја одредува насоката во која тоа ќе се развива понатаму во животот.
„Треба да се сфати дека психопатите не излегуваат наеднаш од некое ќоше. Важно е да се имаат предвид нивните рани години и тоа што се сучува со нив“, објаснила Ирвин, додавајќи дека повеќето деца кои покажуваат психопатски склоности најверојатно проживеале траума во првите шест месеци по раѓањето.
Според докторката, последиците од малтретирањето, занемарувањето и недостатокот од емпатија кон детето се огромни. Односно, колку се тие поголеми, толку е поголема и можноста детето да стекне социопатски и психопатски особини во своето однесување.
Интересен е фактот дека детето кое, на пример, до петата година од животот пораснало во топла семејна атмосфера полна со љубов, и потоа на таа возраст доживува малтретирање, има многу помали шанси да развие психопатски и социопатски склоности затоа што неговиот мозок веќе се научил на сочувство.
Но ако во првите 6 месеци од животот детето плаче, а никој не доаѓа, детето е гладно, а никој не го храни, детето е само и исплашено, а никој не го теши – мозокот на детето добива порака дека неговите чувства не се важни и дека тоа никому не му е важно.
„Остатокот од структурата на мозокот почнува да се формира околу тој концепт“, рекла Ирвин, напоменувајќи дека недостатокот од емпатија е инаку многу ретка појава кај децата и погодува отприлика 1 отсто од целата популација.
Постојат одредени карактеристични однесувања кај децата кои развиваат социопатски и психопатски склоности, а главно, тврдат стручњаците, вклучуваат уништување на предмети и нанесување на некој облик на болка себеси или на другите.
Така децата психопати често ги повредуваат животните, дупчат дупки во ѕидовите, уринираат по мебел или размачкуваат измет по ѕидовите. Потоа главно следува повредување на друго човечко суштество, често помало, послабо и помладо од детето – психопат.
Докторката Ирвин рекла за news.com.au дека детскиот мозок може да почне да развива нечувствитеност од самото раѓање.
Иако психолозите работат со такви деца главно со цел да го совладаат насилничкото однесување, терапиите не носат секогаш успех. Некои деа како возрасни носат лоши животни одлуки, додека пак други продолжуваат со друштвено неприфатливо однесување кое може и натаму да се развивва. Некои дури стануваат и убијци.
Таа вели дека секогаш може да се надеваме дека нема да дојде до најцрн исход, но тешко дека без лекарска интервенција малтретираното дете ќе излезе на добар пат, истакнувајќи дека таквите деца потешко успеваат на училиште, потешко остваруваат пријателски односи и склони се да прибегнат кон некое неприфатливо однесување за да го свртат толку саканото внимание на себе.
Во секоја населба во големите градови има барем едно дете кое ги малтретира животните и врсниците, но што ако тоа земе некои поголеми размери?
Докторката напоменува дека секој удар не е знак за узбуна и страв. Ако детето ја штипне сестра му или го потегне кучето за опашка, не значи веднаш дека поседува социопатски склоности.
Важно е родителите да обрнат внимание и да интервенираат ако станува збор за трајно агресивно однесување кое покажува целосно непочитување на чувствата на другите луѓе.
Исто така, знак за узбуна е и постојаното нанесување болка на другите живи суштества околу себе, без никаква желба и способност за поправање на меѓусебните односи и создавање на поврзаност.
Во случај на било какви индикации за постоење на вакво однесување, како прв чекор оваа докторка им советува на родителите одново и одново да им покажуваат љубов на своите деца за да го преусмерат нивниот мозок на „позитивен пат“.
„Родителите на дете кое покажува психопатски склоности мора да бидат подготвени да работат со него и да имаат на ум дека ги чека многу работа. На децата не им требаат само психијатри и терапии, туку повеќе од се, дом полн со љубов, порачува Ирвин.