Многу родители се очајни затоа што не знаат како да им помогнат на своите деца кои страдаат од егзема или атопичен дерматитис. Тоа е воспалителна состојба на кожата која најчесто ги погодува помладите од 2 години, но често страдаат и постарите. Повеќе од 80 проценти од заболените од егзема, имаат и некаква форма на алергија на храна.
Ако вашите најмали имаат егзема и алергии, можеби решението за проблемот лежи во промената на исхраната. Зошто да не пробате нова, поздрава исхрана заснована на овошје и зеленчук или дури и сирова веганска исхрана која на
им помогнала на многумина.
Постојат сведоштва на мајки кои ги ослободиле своите деца од непријатните и хронични состојби како што се егземата и алергиите со воведување на многу овошје и зеленчук во нивната исхрана.
Случајот на шестгодишната Маја од Охрид, која страдала од тежок облик на егзема е одличен пример и потврда дека исхраната игра голема улога во справувањето со многу болести, па и со овие.
Нејзината кожа постојано била воспалена, особено горниот дел од телото. Егземата најмногу влијаела на нејзините раце, а се проширила и на лицето. Нејзините родители не можеле да ја откријат причината за нејзината состојба.
Тестовите покажале дека таа е алергична не само на храна, туку и на прашина и на некои други работи. Исто така, Маја страдала и од синдром на цревна пропустливост, кој бил поврзан со кандида. Заради нејзината тешка состојба, мајката одлучила да се префрлат на сирова веганска исхрана која вклучувала многу овошје. Претходно пробувале разни други диети, но ниедна не вродила со плод. Состојбата на Маја од овие диети станувала уште полоша. Мајката прво ја вовела оваа исхрана кај себе за да се увери во ефектите и консумирала само сирово овошје и зеленчук цели два месеци.
Забележала многу придобивки од таквата исхрана – била полна со енергија, се чувствувала многу подобро и физички и психички, па дури и требало и помалку сон од претходно. Тогаш ѝ ја вовела оваа исхрана и на Маја, а резултатите биле видливи по 2-3 месеци. Нејзината состојба очигледно се подобрувала. Било потребно време за телото да се исчисти, а кожата да почне да дише, но веќе после 3 месеци, подобрувањето било очигледно за сите.
Еве што има на менито на Маја:
Во лето лубеницата е овошје број 1 за чистење на телото и кожата.
Банани, портокали, јаболка, папаја, праски, јагоди и други бобинки, лимони, но најмногу лубеница. Лубеницата е исклучително богата со вода, такашто совршено го хидрира организмот, ги измива бубрезите и ја стимулира детоксикацијата
на организмот. Освен тоа, богата е и со клучни минерали, како што се магнезиум и калиум. По половина година веганска диета заснована на поголеми количини овошје, лицето на Маја е целосно чисто, без траги на егзема. За појадок, вели нејзината мајка, најчесто јадела лубеница или смуди направено од два вида овошје.
Вечерата на Маја вклучувала салата од краставица, која е исто така полна со вода, честопати авокадо, кое може да се пофали со изобилие на здрави масти и други важни хранливи материи. Нејзината мајка ги збогатувала оброците со разни семиња, како што се сончоглед и сусам. Благодарение на промената во исхраната, Маја денес е здраво девојче. Во комбинација со промената во исхраната тие користеле и Органско ајурведско масло против егзема и псоријаза.
Ако се соочувате со ист или сличен проблем, збогатете ја исхраната на вашето дете со овошје што содржи кверцетин. Кверцетинот е моќен антиоксиданс и природен антихистаминик, кој значително ги ублажува алергиите. Јаболките, боровинките, црешите, брокулата, спанаќот и кељот, можат да се пофалат со висока содржина на кверцетин.
Исто така, ако вие или вашето дете имате алергии и егзема, полека од своето мени почнувајте да ги исфрлате следните намирници:
-јајца
-кравјо млеко (особено индустриско)
-производи од соја
-храна со глутен
-јаткасти плодови (ако сте алергични на нив)
Секако, сето ова направете го во консултација со лекар и редовно проверувајте ја здравствената состојба на вашето дете.
Фото: Pexels