За почеток, која е разликата помеѓу АДХД и АДД?
АДХД (Attention Deficit/Hiperactivity Disorder), хиперактивност или нарушување на вниманието, е најчестото невробихејвиорално нарушување во детството. Се карактеризира со хиперактивност, импулсивност и недостаток на внимание.
АДД е нарушување на дефицитот на внимание, но кај него нема присутна хиперактивност.
Еве пет совети за полесно и поудобно враќање на училиште.
1. Поставете цели за целата година
Целите можат да бидат завршување на задачи, одење на предавања, подготвување за училиште навреме, добри извештаи за однесувањето во училиште и навремено легнување. Секое семејство ќе има свои цели и важно е да зборуваме за тоа како тим, можеби дури и да нацртаме паметна мапа на цели и да ја поставиме на видно место. Наградете го детето и прославете кога ќе се постигнат целите. Клучно е да се постават разумни и остварливи цели.
2. Организирајте утринска и попладневна рутина
Изјаснете се што сакате да направите тој ден или недела, кога ќе го разбудите детето и што ќе правите. Квалитетното утро е клучно за атмосферата во текот на целиот ден. Направете ги сите потребни приспособувања и потоа поставете го распоредот таму каде што секој може да го види. Размислете за семејна активност еднаш неделно за да прославите успешна недела.
3. Запознајте го учителот на вашето дете
Закажете состанок со наставникот на вашето дете што е можно поскоро. Ако вашето дете има посебна наставна програма на училиште, тогаш можете да се состанете за да разговарате за тоа како најдобро да работите на спроведување на планот за да ги дознаете целите на наставникот. Ако училиштето не е свесно за нарушувањето на вашето дете, зависи од вас да го предупредите наставникот за тоа.
Откријте какви се очекувањата на наставникот кога станува збор за домашните задачи и прашајте за начините на комуникација за следење на напредокот на вашето дете во училиште. Покажувањето интерес создава врска што може да му помогне на вашето дете и да му го олесни решавањето на проблемите доколку се појави потреба.
4. Поставете распоред за учење
Воспоставете рутина за пишување домашни задачи со вашето дете. Одлучете дали вашето дете ќе има слободно време пред или по пишувањето на домашната. Договорете се во кое време да започнете да работите домашна.
Исто така, всадете навики кои ќе му помогнат на вашето дете да се сети да ги предаде завршените задачи. Не е невообичаено децата со АДХД да ги завршат задачите, а потоа да заборават да ги достават.
5. Уфрлете во распоредот и време за играње со вашето дете
Откријте што сака вашето дете. Предложете да играте игра, да направите нешто заедно, да прочитате приказна, да прошетате, да фрлате топка или фризби во дворот или во паркот. Ваквите активности ќе ја зајакнат врската помеѓу вас. Заедничкото поминување на време е одлично и носи многу позитивни страни во развојот на вашето дете.
Фото: Pexels