Сите мајки се сеќаваат на оној страшен период кој почнува помеѓу четвртата и шестата недела, а завршува кон крајот на третиот месец, а некогаш умее да потрае и до петиот месец. Овој период го карактеризира неутешно плачење во траење од еден, па до четири часа, кој обично се врзува за попладневните часови, од 16 до 18 часот, кога е многу тешко бебето да се смири. Но не и невозможно!
Стручњаците сѐ уште не утврдиле што е иницијалната каписла за овој пеколен час, како што се нарекува оваа попладневна тура плачење, но се претпоставува дека до неа доведува вишокот на стимулација, замор, глад и темперамент. Но ако ви е за утеха, низ оваа фаза поминуваат повеќето бебиња. Колку и да делува проблематично, тоа ќе помине, а вие само треба да се вооружите со трпение и да пробате да го смирите бебето според упатствата на стручњаците.
Подгответе се на она што следува
Штом ќе воочите дека вашето бебе влегло во оваа фаза, а тоа ќе знаете веќе после два, три дена, подгответе се на она што следува.
За оној период од денот кога знаете дека дека ќе почне пеколниот час, не планирајте ништо, туку гледајте сѐ да завршите пред тоа. Истуширајте се, ручајте, позанимавајте се со постарите деца, откажете ги посетите и дружењата, па ќе можете да се фокусирате на смирување на бебето. Верувајте, далеку е полесно тоа да го правите сити и ако поголемото дете во е згрижено и нахрането, отколку ако ве чекаат ситe обврски.
Дајте му на бебето да цица, тоа делува смирувачки
Можеби нема целосно да го решите проблемот, но доењето секако ќе му помогне на бебето да се смири. Меѓутоа, за да успее тоа, пред да го земете бебето во раце и да му ја понудите дојката, мора да се смирите вие.
Повторувајте си себеси дека бебето не е болно, дека е совршено добро и дека фазата на плачење набрзо ќе помине. Трудете се да дишете длабоко, затоа што тоа го смирува бебето, а може и да го успие, што би било идеално. Бебето треба да цица толку долго колку што му годи, затоа што тој подој е за утеха.
Сведете ги сите активности на минимум
Кога бебето ќе наполни месец до месец ипол дена, тоа станува свесно за сите стимуланси од своето опкружување, а тие, здружени со останатите фактори, можат да бидат иницијална каписла за почеток на пеколниот час кој може да трае и четири пати подолго отколку што му кажува името. Ако знаете дека тој почнува во одредено време, пола час претходно исклучете го или стивнете го телевизорот, затворете ги прозорите, тргнете ги музичките играчки и смирете ги домашните. Важно е до бебето да не допира никаква бучава, без оглед дали станува збор за миксер, за ѕвонење на мобилен, за вести од телевизорот, гласен разговор, сообраќај или врева од децата што си играат на улица.
Направете пауза од десет минути
И покрај сите трикови понекогаш ситуацијата може да ескалира, па тогаш вознемирената мајка е последната која ќе може да го смири вознемиреното бебе. Тогаш е сѐ дозволено, дури и да побарате помош од првите соседи и да ги замолите да го понишаат бебето десетина минути. Секако, кон ова драконско решение треба да се посегне само доколку немате на располагање некој поблизок. Но суштината е во тоа со правењето на пауза да се намали напнатоста помеѓу вас и бебето.