Како да го поттикнете детскиот смисол за хумор?

Истражувањата покажале дека децата со силен смисол за хумор имаат тенденција да бидат посреќни, пооптимистични и да имаат поголемо самопочитување.

0
101

Смисолот за хумор е една од многу битните особини. Многумина се вљубуваат во некого токму поради неговиот смисол за хумор, па им е поради тоа битнои нивните деца да ја имаат истата особина. Меѓутоа, смисолот за хумор не е наследна особина, туку тој мора едноставно да се развива.

Луѓето со добар смисол за хумор имаат тенденција лесно да склопуваат нови пријателства, и како што изгледа, повеќе да уживаат во животот од нивните сериозни колеги.

Истражувањата покажале дека децата со добар смисол за хумор имаат тенденција да бидат посреќни, пооптимистични и да имаат поголема самопочит. Чувството за хумор им овозможува на децата да се соочат со предизвиците на детството со позитивен став. Исто така, битно е и да го делат својот смисол за хумор со другите деца. Еве неколку совети како да го развиете смисолот за хумор кај вашето дете.

Покажете ја својата духовита страна

Најдобар начин на кој децата можат да научат да бидат духовити е да ве гледаат вас. Значи слободно шегувајте се пред децата а можете притоа да се служите и со смешни мимики или движења.

Смејте се кога вашето дете се обидува да биде духовито 

Дури и ако вашето дете ги кажува најлошите шеги, насмејте се, затоа што така ќе му влеете на детето самодоверба.

Гледајте на светот духовито

Разговарајте за смешни работи. Раскажувајте вицови. Важно е да му создадете на детето навика да се шегува.

Научете ги за границите во хуморот

Ако детето ја помине границата на добриот вкус, мора да го предупредите дека тоа не е во ред. Објаснете му и одвојте време да му објасните зошто не е добро да се шегува на туѓа сметка.

Смешни семејни вечери

Гледајте комедии заедно со децата, играјте смешни игри, снимајте се меѓусебно како правите смешни гримаси кои освен што ќе ве забавуваат, ќе ви останат и како долготрајни спомени.

[better-ads type='banner' banner='999' ]