Како да го подготвите поголемото дете за доаѓањето на новото бебе?

Доаѓањето на свет на новото бебе е среќен и весел настан, но ако веќе имате дете, ова може кај него да предизвика чувство на љубомора и збунетост.

0
330

Кога имате едно дете кое е сѐ уште мало за да разбере, сега веќе постарото братче или сестриче, со доаѓањето на новиот член на семејството, може да доживее голем стрес, збунетост и љубомора.

Што можете да направите?

За време на бременоста обидете се на детето да му дадете временски насоки кога отприлика би можело да стаса новото бебе.

Објаснете му на детето што може да очекува од бебто. Кажете му дека во првите два-три месеци не треба да очекува ништо освен спиење и плачење.

Раскажувајте му за тоа како сте го родиле него и низ што сте поминале. Читајте книги и гледајте филмови зa тоа како е да се биде голем брат или сестра. Средете ја заедно собата или катчето за бебето.

Ако очекувате помош по пристигнувањето на бебето дома од лиц од надвор, тогаш нека почне да доаѓа неколку недели претходно за да може постарото дете да се навикне.

После породувањето

Не го обвинувајте бебето за сите промени во животот на постарото дете. Ако не можетеда одите надвор затоа што бебето спие, не му го кажувајте тоа затоа што ќе создадетеанимозитет и ќе му дадете на постарото дете причина да не го сака бебето.

Дајте му на постарото дете некои привилегии, нека оди подоцна на спиење или нека добие повеќе време за игра.

Не го замолчувајте за да може бебето да спие, би требало да се навикне на галама затоа што во спротивно, атмосферата ќе биде секогаш напната.

Ако бебето почне да плаче додека си играте со поголемото дете, не скокајте веднаш, оставете го да лаче неколку минути за да почувствува детето дека и тоа е важно.

Ако децата не ја делат собата, кажете му на постарото дете дека неговата соба за бебето ќе биде забранета зона и дека таму ќе ги чуваат сите мали играчки. Ставете на вратата заштитма ограда за бебето да не може да влезе, а вратата да може да остане отворена за постарото дете да не се чувствува изолирано додека си игра.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]