Како да го подготвите домашното милениче за доаѓањето на бебето?

Бремените жени и мајките на форумите се загрижени за тоа како да ги подготват своите миленици за пристигнување на нов член на семејството и на што да внимаваат кога имаат бебе и куче, мачка или папагал

0
138

Ако имате домашно милениче и очекувате бебе, веројатно се прашувате како да подготвите домашното милениче и кога и како да го запознаете со новиот член на семејството.

Трудницата бјап ја отворила темата на форумот и прашала: „Јас дома чувам рипчиња и три ​​папагали-нимфи. Чувам и други животни надвор. Некои луѓе ми рекоа да ги исфрлам папагалите заради бебето, заради влијанието врз неговите дишни патишта. Ги имам веќе 15 години и би било тешко за мене без нив, но бебето е поважно. Дали тие навистина се толку опасни за мало бебе?“

Мама миша го споделила своето мислење: „Јас не сум за исфрлање на животните само затоа што доаѓа бебе. Тие се членови на семејството. Треба да се посвети малку внимание на хигиената и ако се во станот, да не го повредуваат детето и сè друго е во ред. Јас сум порасната со кучиња, мачки и папагали и никогаш не сум била болна поради нив “.

Папагалите се љубоморни

Експертите велат дека папагалите можат да бидат љубоморни.

Тие сметаат дека не треба луѓето да го стават папагалот во иста просторија со креветчето за бебето, но ако папагалот е во куќата и бебето нема алергии, всушност, тоа би можело да биде добро за имунитетот на детето. Папагалите што се купуваат се одгледани во контролирани услови, а не се од дивината, такашто не треба да постои опасност од заболување. Освен ако бебето стане алергично. Сепак, треба да се биде внимателен затоа што папагалите можат да бидат љубоморни.

Мачките можат да пренесат токсоплазма

Поради заразната болест токсоплазмоза, која се пренесува од мачките на луѓето и е опасна за фетусот, се препорачува посебна претпазливост за бремените жени кога се грижат за мачки. И како да се подготви мачката за пристигнувањето на бебето?

Секоја мачка е различна

Друга жена напишала: „Имам две мачки и не ми паѓа на памет да ги исфрлам на улица затоа што токму од таму и ги собрав, тие се многу приврзани и сакаат да се галат. Морам да признам дека се грижам за тоа како ќе биде кога ќе дојде бебето затоа што се навикнати да спијат на место кадешто ме имаат на око. Јас ја одредив просторијата во која ќе ги преместам кога бебето ќе пристигне, а спалната соба во моментот се реновира, па кога ќе биде готова, нема да смеат да влезат во неа “.

„Мачките се малку поразлични од кучињата, скокаат на високи предмети, полици и др. Така, ако не ја сакате во креветчето на бебето, најдобро е да не ја пуштате во собата. Затворете ја вратата на собата, а ако имате мачка што може да ја отвори вратата, ќе треба да ја заклучите доколку не сакате да влегува таму“, советуваат експертите, според кои треба да се набљудува и да се забележи дали мачката го прифаќа бебето.

„Секоја мачка е различна. Треба да се дозволи мачката да го мирисне и да го запознае бебето, сите секогаш во присуство на возрасен човек”, велат тие.

Кај родителите кои имаат кучиња, понекогаш постои страв како нивното милениче ќе го прифати новороденчето.

Така, една мајка по име Прикс, која има куче, го напишала своето искуство: „Најголем проблем за мене беше тоа што нашето куче е големо и никогаш не било во контакт со деца, па се плашев од тоа како ќе реагира, а голем проблем за мене беше постојаното чистење со правосмукалка, речиси секој ден и дали ќе биде тоа возможно кога ќе дојде бебето.

Но, сите велат дека на бебето и кучето, или на кое било домашно милениче, треба да им се овозможи да се запознаат, такашто животното да не стане љубоморно и никогаш да не се занемарува кога ќе дојде бебето затоа што тие исто така можат да умрат од осаменост и депресија “.

Научете го вашето куче како мирно да му пристапи на бебето

Експертите велат дека големината на кучето навистина не игра улога, туку е важен карактерот и социјализацијата на кучето. Големината игра улога кога станува збор за количината на простор што семејството може да му го обезбеди на домашното милениче. Секој сопственик треба добро да го познава своето куче и да донесе соодветни одлуки, што се однесува до поголемите раси, како и за оние што се сметаат за ‘агресивни’. Секој сопственик треба добро да го познава своето куче и да донесе соодветни одлуки.

Се разбира,  кучето мора да биде здраво и вакцинирано со сите потребни вакцини (против заразни болести и беснило) и исчистено од паразити. Ако вашето куче е единствено милениче, големи се шансите тоа да е навикнато на ваше целосно внимание кога и да посака. Наскоро вашите раце ќе бидат зафатени со ново бебе, такашто, за да избегнете негативна реакција, навикнете го вашето домашно милениче да биде сам на безбеден простор со креветчето и играчките секој ден во пократки интервали.

Донесете ги новите предмети и мебелот за бебето, како што се оградичка за играње, количка или столче за хранење, во куќата за да го навикнете вашето домашно милениче. Обидете се да најдете снимки со различни звуци на бебиња (плачење, гугање, смеење …) и оставете ги во деловите од куќата кадешто бебето ќе престојува најмногу, такашто вашето домашно милениче ќе се навикнува на овие „чудни“ и нови звуци. Создадете рутина што ќе ја следите кога бебето ќе пристигне и ќе се придржувате до таа рутина за вашето домашно милениче да се навикне на промените. Донесете ја дома облеката за бебето и дозволете му на вашето куче да ги помириса. Наградете го ако остане смирен. Обидете се да не направите голема драма околу пристигнувањето на бебето. Научете го вашето куче како да му пристапи на бебето нежно и смирено. Оставете му да се приближи и да го види / да го мирисне бебето на безбеден и мирен начин. Помогнете му да го согледа бебето како нешто забавно и добро. Дајте му награди и пофалби секој пат кога ќе се однесува добро околу бебето. Ако е можно, целото семејство нека оди на кратки, забавни прошетки веднаш штом бебето ќе влезе во куќата, така што вашето домашно милениче може да согледа забавни и убави активности со доаѓањето на бебето. Секогаш користете позитивни техники за обука и никогаш не казнувајте го вашето домашно милениче во близина на бебето. Никогаш не го удирајте го и не викајте кога се обидува да му пристапи на бебето на несоодветен начин. Нежно покажете му што сакате вие ​​да направи и потоа дајте му награда кога ќе го стори тоа. Не ставајте го бебето на подот до кучето и никогаш не оставајте го бебето со кое било куче, дури и ако е тоанвашето домашно милениче, без надзор. Дајте му на вашето домашно милениче многу интересни работи, играчки и многу физичка активност. Кога на кучето му е досадно и има премногу енергија, постои поголема шанса тој да направи хаос додека се занимавате со бебето.

Какви миленичиња имате и како ги подготвивте за пристигнувањето на бебето? Споделете ја вашата приказна со нас!

Фото: Pexels/Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]