Како да ги поттикнете децата да јадат здрава храна

Американските научници спровеле истражување кое покажало дека со зголемување на количината на зеленчук што им се нуди на децата како предјадење за ручек, се зголемува и внесувањето на зеленчук со главното јадење.

0
282

Одговорот го дале американските научници кои утврдиле дека со зголемување на количината на зеленчук што им се нуди на децата како предјадење за ручек, се зголемува и неговиот внес со главното јадење.

Студијата го регистрирала внесувањето зеленчук од 51 дете во градинка во четири наврати. Децата биле поделени во четири групи: првата група не добила предјадење, втората добила 30 гр, третата 60 гр и четвртата 90 гр моркови за предјадење.

Децата кои примиле 30 гр моркови како предјадење, го зголемиле внесувањето на брокула, која ја служеле како гарнир со главното јадење, за скоро 50 проценти во споредба со децата кои не добиле моркови за предјадење. Децата кои примиле 60 гр моркови за предјадење, го зголемиле тројно внесувањето на брокула.
Резултатите од студијата се косат со традиционалното верување дека децата не сакаат да јадат зеленчук. А еве идеи и неколку предлози за родителите како да ги навикнат своите деца на здрава и урамнотежена исхрана.

[better-ads type='banner' banner='999' ]