Како да ги научите децата да бидат позитивни

Во светот полн со негативни случувања, насилство и страдања, позитивниот став може барем малку да го олесни животот.

0
247

Иако е невозможно во целост да се контролираат животните случувања, можете да ги контролирате своите реакции на она што се случува. Ваквиот став ви овозможува да развиете снага за да се соочите со животните предизвици. Кога децата развиваат позитивен став во животот, позитивното размислување станува навика која може да ги олесни притисоците поврзани со растењето.

Чекор 1

Научете ги своите деца да ги контролираат своите внатрешни монолози. Ова се изјави кои тие константно си ги повторуваат во своите мисли, како што се „јас сум лош во математика. Никогаш нема да положам“. Помогнете им да ги заменат овие негативни изјави наведувајќи: „Можеби имам тежок период да ја разберам математиката, но ќе продолжам да се обидувам и да барам помош од наставниците, родителите и од другите ученици“.

Чекор 2

Потсетете ги своите деца дека позитивната или негативната случка која се случила во нивните животи е нивен избор. Научете ги своите деца користејќи пример како: „Да се лутите на некого е како да пиете отров, а очекувате друга личност да страда“.

Чекор 3

Обидете се да креирате позитивно опкружување во вашиот дом гледајќи смешни филмови, раскажувајќи им шеги и приказни. Објаснете им на своите деца дека само тогаш кога се смеат можат да се чувствуваат подобро.

Чекор 4

Покажете им ја на децата својата наклонетост во облик на љубезни зборови, прегратки и бакнежи.

Чекор 5

Помогнете им да најдат хоби и да изградат самодоверба. На пример, можете да го охрабрите своето дете кое има убав глас да зема часови по пеење.

Чекор 6

Поттикнете ги своите деца да пишуваат дневник за да можат по извесно време да ги видат своите подеми и падови. Сето она заради што би биле среќни и се она што ги повредило. Сигурно некаде ќе запишат и што научиле од тоа што им се случило.
Кога вашето дете ќе доживее разочарување, замолете да го размисли за лекциите кои може да ги научи од искуството за да го избегнат повторувањето на грешките во иднина. Пофалете го за покажувањето зрелост и препознавањето на лекциите.

[better-ads type='banner' banner='999' ]