Кога имате дете што не сака да јаде или пак е премногу пребирливо, особено кога станува збор за нови вкусови, има едно правило, а тоа е дека намирниците не треба да се допираат меѓусебно.
Грашокот не смее да ги допира тестенините, а оризот мора да биде на „пристојно“ растојание од сосот. И не ни помислувајте случајно да им подметнете нешто ново измешано со веќе испробаните и прифатени намирници.
Во желбата да воведат разновидност во исхраната на нивните деца, родителите стануваат фрустрирани, а оброците често ескалираат во ситуации на низа од молби, подмитувања и закани.
Сали Куземчак, која пишува Тhe Real Mom Nutrition blog, предлага начин на кој ќе го вратите мирот: Користете Чинии за пробување.
„Тоа е мала порција што стои настрана од главната порција на вашето дете и не прави врз него притисок дека мора да го проба тоа што е на неа“.
За Куземчак, која е регистриран диететичар, пристапот – „пробај само едно залче“, само предизвикувате отпор и го расипувате расположението на трпезата. Од друга страна, „Чинијата за дегустација“, претставува покана без притисок.
Куземчак подготвува минијатурни порции со големина на мало залче. Пробувањето се поттикнува, но не е задолжително, а на нејзините деца им е дозволено да го плукнат залчето во салфета доколку не им се допаѓа.
Уште некои совети за чинијата за дегустирање :
Одберете мала, интересна чинија. Обичните бели чинии не се возбудливи.
Наречете ја како што сакате. Некои родители ја нарекуваат чинија за пробување, а Кузенчак ја нарекува Храбра чинија. „Ако се чувствувате храбро, пробајте ја оваа храна иако сте можеби малку нервозни околу тоа“.
Не ги притискајте велејќи: „Не заборавај, твојата чинија за пробување е до тебе!“
Не правете драма ако не проба ништо од чинијата. Оставете ја таму. Некои деца едноставно не сакаат да ги гледаат додека јадат.