Каков родител сте? Строг или попустлив?

Така како што го воспитувате своето дете, такво ќе биде и кога ќе порасне – тврдат педагози од САД, кои врз основа на студии дошле до заклучок дека постојат три основни типови на воспитување.

0
265

Авторитативните родители имаат исклучително големи очекувања, тие поставуваат ригидни правила, но истовремено ги почитуваат потребите на децата. Иако секогаш бараат прецизно објаснување за сѐ што децата сакаат или бараат, во исто време се подготвени да ги сослушаат и да го уважат нивното мислење. Стручњаците велат дека е ова најдобар пристап и дека тинејџерите од таквите семејства имаат свое „јас“ и не влегуваат во неволји.

Попустливите родители не поставуваат никакви правила ниту граници. Кај нив владее широка демократија. Речиси секогаш се на страна на детето, му излегуваат во пресрет и му ги исполнуваат не само потребите и желбите, туку и нивните каприци. Проблем е што кога нивните деца ќе пораснат не ги доживуваат како авторитет, па не ги почитуваат премногу, а немаат почит ниту кон другите.

Родители кои го контролираат секој чекор на своите деца, им поставуваат јасни правила и граници, но не ги објаснуваат причините за тоа. Не сакаат да го слушаат нивното мислење, туку сѐ мора да биде по нивно. Токму децата кои се воспитувани на овој начин имаат најголеми шанси да пораснат во деликвенти или во лица склони кон пороци.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]