Каков е ставот за бракот на оние кои растеле со разведени родители?

Сè додека имате предвид дека вашиот партнер растел како дете на разведени родители, ќе можете полесно да го сфатите неговото однесување, но ќе видите дека вие можете да имате добра шанса за одлична и долготрајна љубовна врска. Какво е вашето искуство?

0
332

Ако сте во врска со партнер кој живеел како дете на разведени родители, тоа може да биде вистински предизвик за вас. Некои од нив продолжуваат по стапките на родителите, но почесто се токму спротивното и се желни за еден, само еден топол и спокоен дом.

Сè додека имате предвид дека вашиот партнер растел како дете на разведени родители, ќе можете полесно да го сфатите неговото однесување, но ќе видите дека вие можете да имате добра шанса за одлична и долготрајна љубовна врска.

Еве што е карактеристично за нив.

Тие сакаат да веруваат во бракот, но се плашат да не ги повторат грешките на нивните родители, па иако некои од нив можеби ќе го одложуваат, некои можат да се одлучат на овој чекор многу брзо, иако потајно и понатаму се плашат за исходот.

Тие навистина ја ценат стабилноста. Бидејќи повеќето од нив растеле растргнати помеѓу двајцата родители и двата дома, имаат оформено едно многу важно правило за себе. Станува збор за тоа дека се желни за безбеден простор под само еден покрив.

Понекогаш се премногу поврзани со предметите кои ги поседуваат. Тие живееле во два сосема различни дома кадешто морале постојано да ги префрлаат своите предмети од едниот во другиот. Затоа, со тек на времето, токму овие нешта кои ги носеле со себе почнале да го претставуваат нивниот дом па им е тешко да се разделат со нив. Не се обидувајте да им ги фрлите.

Тие гледаат на празниците малку поинаку. Сè уште го делат времето помеѓу нивните родители, па ќе им биде малку тешко да најдат повеќе време и за вашите родители.

Имаат „омилен“ родител. Доколку имале нормални контакти со двајцата родители, ги сакаат подеднакво, но еден од нив го издвојуваат повеќе бидејќи поголемиот дел од времето го поминале со него. Нема да го признаат ова лесно, дури и кога е навистина очигледно.

Многу се плашат од развод. Секогаш кога ќе налетаат на некоја од оние студии кои тврдат дека децата од разведени родители имаат поголеми шанси и самите да поминат низ развод, почнуваат да паничат.

Тие се или моногамни, или неверни. На која страна и да се насочени, тие ќе одат во крајност. Особено ако разводот на нивните родители настанал поради неверство. Ако тоа е проблемот, тие или се погрижуваат никого да не повредат на истиот начин или го гледаат однесувањето на нивните родители како еден вид оправдување и се впуштаат и самите во истото.

Сè уште се обидуваат да средат некои проблеми со себе. Дури во возрасниот живот, децата на разведени родители почнуваат да ги гледаат сите оние влијанија кои разводот на нивните родители им ги предизвикал. Мора да помине подолго време за тие да можат да направат поврзаност помеѓу малите навики/карактеристики/размислувања кои ги имаат, добри и лоши, како и начинот на кој разводот на нивните родители директно им влијаел.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]