Какво е воспитувањето ‘снежен булдожер’ и како влијае на децата?

Што е тоа 'булдожер' родителство? Во суштина, тоа е еден вид воспитување кога родителите ги отстрануваат сите пречки што му стојат на детето на патот кон јасна иднина.

0
222

Стилови на родители секогаш изгледа дека се развиваат и се прилагодуваат на времето во кое се наоѓаме. Но, „снежниот булдожер“ е стил на родителство и воспитување на децата што заживеа во последните неколку години.

Што е тоа ‘булдожер’ родителство?

Во суштина, тоа е еден вид воспитување кога родителите ги отстрануваат сите пречки што му стојат на детето на патот кон јасна иднина.

„Тоа е чувство на родителите дека е нивна работа да обезбедат нивните деца да не доживеат никакви препреки и никаква несреќа или негативни емоции“, вели лиценцираниот психолог Никол Беуркенс. Родителите елиминираат какво било негативно искуство кај децата затоа што им е тешко да гледаат како нивното дете доживува негативни емоции.

„Тоа е природен инстинкт, родителите сакаат да помогнат и така се обидуваат да ги поправат работите за своите деца барем во првите неколку години од животот. Боли да ги гледаат како се борат, па затоа се склони кон преземање на работите во свои раце“, вели д-р мед. Сара Коен, семеен, детски и адолесцентски психијатар.

„Исто така, многу е поедноставно да се направат работите наместо децата затоа што така родителите избегнуваат вознемиреност“, тврди таа. Треба да се напомене дека ваквото воспитување не се разликува многу од хеликоптер воспитувањето (кога родителот постојано лебди околу своето дете, ги надгледува сите негови дневни активности) и всушност, многу експерти се согласуваат дека ова е само друга верзија. Сепак, плуг воспитувањето е повеќе поврзано со поимотните семејства во кои родителите имаат време да се справат со какви било проблеми со кои се соочува детето.

Какво е влијанието врз децата?

Децата треба да се соочат со предизвиците во нивниот живот за да станат одговорни и добро прилагодени возрасни личности. плуг родителството во основа ги ограничува овие случаи на раст и потенцијално ја запира нивната зрелост и способност да решаваат тешкотии. „Има многу последици. Тие не размислуваат како да ги решат сопствените проблеми, тие толерираат негативни чувства и не развиваат отпорност која им е потребна во животот“, вели Беуркенс. И, конечно, тие не растат како да станат способни и компетентни. Ефектот врз децата може да се манифестира на мноштво начини, од кои некои се:

Анксиозност при исполнувањето на обврски

Притисок при постигнувањето на цели

Чувство на вина

Лично сфаќање на неуспехот

Лесно се исфрустрирани и лути

Имаат намалени вештини за решавање проблеми

Како можат родителите да го поправат ова?

Оставете ги децата понекогаш да не успеат. Така, родителот му дава на своето дете увид во последиците, што ќе се случи доколку не се трудат доволно, ако не учат, ако прескокнат тренинг, ако се скараат со пријател или едноставно ако направат грешка. „Еден од најважните начини на кои децата стануваат одговорни возрасни е кога ќе научат дека можат да ги надминат и да управуваат со предизвиците. Ниту еден добар родител не би го погледнал своето дете и би му рекол: ‘Неспособен си’, но тоа е пораката што ќе му ја испратите ако го одгледувате на овој начин “, објаснува Беуркенс.

Начинот за решавање на овој проблем е многу едноставен. Родителите треба да научат да се справат со својата нелагодност. А некои родители не го знаат или не го разбираат тоа. Значи, ние мора да ја научиме таа лекција: Вие не сте лош родител и, всушност, вие му помагате на вашето дете такашто му дозволувате да се справува со тоа“, нагласила таа.

Ова, се разбира, не значи дека никогаш не треба да им помагате на вашите деца – бидете таму за нив, да ги слушате, да се грижите за нив и да ги советувате. Но, потоа нека ја преземат контролата и нека бидат независни; и потоа гледајте ги како го прават тоа. Добрата работа што треба да им ја кажете на децата во тие моменти е: „Јас разбирам дека минуваш низ многу тешко време и сфаќам дека се чувствуваш лошо, но знам дека ќе го решиш тоа“, советува таа. Ова е исто така одличен начин да ги охрабрите и да ги научите децата кога и како да побараат од некого кога им е потребна помош: „Научете го вашето дете да побара помош“, вели Коен. Ова значи да се поставивте такашто, иако очекувате прво да ги испробаат сите решенија, секогаш да бидете во близина и на располагање да им помогнете доколку е потребно, пишува Mind Body Green.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]