Каква беше вашата баба?

Некои од мали нозе ги учат своите внуци на самостојност, а некои пак, на пример како мојата баба, ги разгалуваат. Така јас научив да си ги врзувам патиките многу подоцна од моите врсници кои одеа во градинка. Сепак не мислам дека излегов многу полоша од другите...Напротив, многу работи во животот подоцна правев сосема сама. Знаете, ако не ве научат како мали, ќе ве научи подоцна животот.

0
272

Има сѐ повеќе модерни градинки и училишта кои им нудат на децата враќање во природата и кон „вистинските вредности“ – дрвени играчки, задолжителна музика и музички инструменти, физичка активност, развивање на фантазијата…Нудат интелигентни начини на поминување на времето за децата кои (би требало да) се неисцрпен извор на фантазија, идеи и инспирација, пишува Нада Вељковиќ за Bizlife.

Овие институции се на некој начин одговор на ситуацијата, имено, на тоа дека денешните деца наместо топка во рацете држат мобилни телефони, наместо да скокаат и да прескокнуваат – седат на компјутер, наместо да смислуваат и да прават нешто креативно, пасивно гледаат и слушаат.

Сите активности кои се практикуваат во тие градинки и училишта ме потсетуваат на она што некогаш ме учеше мојата баба. За мојот брат, мојата сестра и за мене таа никогаш не беше баба, затоа што бабите ги замислувавме како негувани и тивки постари дами.

Таа беше стамена, строга, бистра и со остар јазик. Вистинска – баба.

Се потпишуваше со прст затоа што не знаеше да чита и да пишува, но знаеше да брои и да смета, затоа што така никогаш не можеа да ја измамат кога купуваше во продавница или на пазар или кога продаваше сода-вода.

Ме учеше на сѐ. Готвевме јадења, а кога месеше колачи ми даваше да го развлекувам тестото, да си играм со брашното и да го правам тоа што го прави и таа. Тогаш тоа беше само игра, а сега сфаќам дека од мали нозе ме учела на самостојност, а тоа е „заповед број еден“ на големиот педагог Марија Монтесори.

Ги храневме кокошките, кучињата и мачките кои ги чуваше. Така од мала научив да ги сакам животните.

Постојано бевме во дворот или пешачевме до лозјето и тогаш веќе сфаќав колку е природата важна за човекот. Одеше бавно, нога пред нога, затоа што не можеше побрзо, но тоа не е битно затоа што никаде не брзавме, и на крајот на краиштата – најбитно беше да се стаса.

Немав многу играчки, а тогаш сакав само една – дрвен коњ.

Сега ми е смешно кога ќе се сетам со каков жар фантазиравме дека ќе го направиме тој коњ.

Неодамна читав колку е важно детето да не биде „затрупано“ со играчки, и да се поттикне фантазијата, затоа што токму тогаш се антивираат мисловните процеси и се развива креативноста.

Игравме домино и „Не лути се човече“, ме учеше да не се лутам кога губам, да морам да размислам за неколку следни потези и дека секогаш можеме да изиграме уште една ако изгубам.

Ме водеше во црква уште одамна, кога сѐ уште не беше „ин“ да се биде верник, и таму палевме свеќи и се потсетувавме на оние кои се „на небото“.

Сега често наидувам на вести дека најголемите компјутерски експерти издвојуваат значајни суми за да ги испратат своите деца во училишта во природа, кадешто нема современи технолошки помагала. Главна причина е што таквите училишта ги учат децата на вештините на иновативно размислување какви што бараат многу работодавачи.

На учениците кои „пораснале на технологија“ често им недостасува способност за пошироко размислување и решавање на проблеми. За тоа сведочат и глобалните извештаи и истражувања, кои велат дека оние образовни системи кои многу вложиле во компјутерска опрема „не доживеале никакво посебно подобрување“ во резултатите на ПИСА тестовите од читање, математика и наука.

Секое дете би требало да има една ваква баба, која ќе умее да го забавува и да го научи и која не може да ја замени ниту една градинка.

Искрено, мојата баба не беше таква. Напротив, таа многу работи правеше наместо мене, а јас бев разгалена. Да, бев. Почина кога бев втора година средно. Не боледуваше долго, но тие неколку денови додека лежеше во постела, одев со чинијата во рака да ја помолам да јаде и таа, за мој атер, ставаше едно-две залачиња во уста. Потоа почина. А јас се научив се што треба. Никогаш не е доцна за ова. Мислам дека се поважни некои други нешта. Љубовта што ќе му ја дадете на детето не може да ја научи подоцна, ако му давате многу љубов, па дури и ако го разгалите малку повеќе, верувајте, се друго ќе го научи животот.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]