Казна од 2.500 евра за невакцинирани деца?

Во Европската унија драматично опаѓа стапката на вакцинација на децата против морбили. Германскиот министер за здравје најавува воведување казни од 2 ипол илјади евра за родителите кои не ги вакцинираат децата. Идејата наидува на поддршка кај здравствените работници во оваа земја

0
159

Европската комисија е загрижена заради намалувањето на процентот на вакцинација против морбили. Само четири земји од ЕУ во 2017.година ја достигнале потребната стапка на вакцинација од 95 отсто, критикува потпретседателот на Европската комисија Јирки Катајнен. Последица од ова е зголемување на бројот на заразени со мали сипаници, како и пораст на бројот на смртни случаи во Европа, пишува во писмото кое Катајнен го упатил до Европскиот парламент.

Шефовите на влади на земјите од ЕУ договориле дека стапката на вакцинација против морбили – односно мали сипаници кај децата во сите земји во ЕУ треба да изнесува најмалку 95 отсто. Тоа се смета за предуслов за искоренување на оваа опасна заразна болест.

Според податоите од надлежната Агенција за превенција и контрола на болестите, во 2017.година само во Шведска, Унгарија, Словачка и Португалија најмалку 95 отсто деца биле вакцинирани два пати. Според податоците од таа агенција, 10 години порано, 14 земји од ЕУ ја исполнувале таа цел. Како што стои во извештајот, последните места ги заземаат Франција, Австрија, Романија, Грција и Малта, во кои  во 2017.година бројот на вакцинирани против мали сипаници бил под 85 отсто.

Минатиот четврток берлинскиот Институт Роберт Кох ги соопштил бројките за Германија, кои иако покажуваат дека во 2017. Година повеќе од 97 отсто деца запишани во училиште добиле прва вакцинација, но онаа поважната, втората, ја имале само 92,8 отсто. Според податоците од Мнистерството на здравје, Институтот минатата година регистрирал 543 случаи на заболени од мали сипаници, додека оваа година се регистрирани повеќе од 300.

Како контрамерка германскиот министер за здравство Јенс Шпан најавил воведување задолжително вакцинирање во детските градинки и училишта. Таа одлука демохристијанскиот политичар настојува да ја спроведе и со парични казни и исклучување од градинка.

„На оние кои нема да ги ванкцинираат своите деца им се закануваат парични казни и до 2.500 евра“, рекол министерот Шпан за неделното издание на таблидот Билд.

Нацрт-законот кој го предлага Шпан наидува на широка поддршка во владеачката коалиција.

Од друга страна, Зелените се против воведувањето задолжително вакцинирање. Од партијата на Зелените сметаат дека оваа принуда би можела негативно да се одрази на односот кон вакцинацијата.

Сојузот на лекари за деца и млади го фали предлогот на мнистерот за здравје. Претседателот на тој сојуз, Херман Јозеф Кал, бара воведување национален регистер за вакцинации.

Морбилите се инфективна болест предизвикана од вирус и се многу заразни. Кај заразените се јавуваат температура, кашлица, кивавица и повремено болки во зглобовите, десет до дванаесет дена по заразувањето. Нешто подоцна на кожата се појавува црвен осип. Во еден од илјада случаи доаѓа до воспаление на мозокот, што може да има смртоносен исход.

Текстот е преземен од ТУКА.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]