Кавгите со браќата и сестрите ги прави децата подобри личности подоцна во животот

Истражувањето на Универзитетот во Кембриџ открил дека здравата доза на ривалство помеѓу браќата и сестрите може да има предности за менталниот и емоицоналниот развој на децата, како и за усвојување на важни социјални вештини.

0
380

Петгодишното истражување било усмерено на когнитивниот и социјален развој на децата стари помеѓу две и шест години.

Научниците набљудувале 140 деца и дошле до изненадувачки резултати. Се покажало дека браќата и сестрите и тоа како позитивно влијаат на раниот развој, дури и ако е врската помеѓу нив темпераментна.

Иако континуираното соперништво помеѓу браќата и сестрите може да доведе до проблеми во изградбата на односи и до проблеми со однесувањето подоцна во животот, поблаги облици би можеле да бидат корисни за здраво детство.

„Ако се децата поборбени и се караат и расправаат, учат сложени лекции за комуникација и суптилност на јазикот. Колку повеќе се вознемируваат, толку повеќе учат за регулирање на своите чувства и како можат да влијаат на емоциите на другите. Колку се поуспешни во расправите, толку се помотивирани за успех“, изјавила др.Клер Хјуџис од Универзитетот во Кембриџ за The Guardian.

Сепак, таа објаснува дека родителите треба да можат да проценат кога децата претерале и да подвлечат црта.

„Секако, ако ривалството побегне од контрола, може да биде многу негативно. Трајното насилство е силен предиктор дека агресивното дете ќе ги малтретира своите врсници. Не сакам да кажам дека е добро вашите деца да се мразат, но родителите треба да бидат тука за да ги утешат децата кога се караат затоа што усвојуваат вредни социјални вештини и интелигенција која ќе им користи кога нема да бидат дома и која ќе можат да ја применат на други“, додава др.Хјуџис.

Наведеното не значи дека децата треба да се поттикнуваат на карање, но нивните расправии можете да ги сметате за позитивни сѐ додека се контролирани.

[better-ads type='banner' banner='999' ]