Манекенката и водителка Криси Тајген вели дека јадењето на нејзината плацента ѝ помогнало да ја избегне постпородилната депресија по раѓањето на нејзиниот син Мајлс. Најдоброто смути кое некогаш го пробала Хилари Даф е она кое го содржело нејзиниот постпартален орган, изјавила оваа американска актерка и пејчка, мајка на две деца.
Плацентата е привремен орган кој се развива во матката на жената која е бремена, а се исфрла од матката со она што обично се нарекува породување. Додека плацентата обезбедува хранливи материи и поддршка за фетусот, има недостаток на научни докази кои би ги поткрепило мислењата дека таа има здравствени придобивки за мајката која ја консумира по породувањето.
И покрај овој недостиг на докази, плацентофагијата – како што се нарекува чинот на јадење на плацента по породувањето – стана растечки тренд со поддржувачи кои велат дека многу цицачи ја конзумираат плацентата на нивните потомци и дека практиката е стара околу неколку милениуми.
Некои веруваат дека плацентофагија може да го подобри расположението, енергијата, производството на млеко и резервите на железо кај новопечените мајки и дека може да ја намали болката и крварењето.
Еден од најчестите начини на кој мајките ја консумираат плацентата е таа да се исуши и да се направи во таблети. Некои ја јадат и сирова, дехидрирана во сува храна, варена, печена и во пијалоци или во смути.
Но, само поради тоа што некои славни мајки ја јадат својата плацента, семејниот лекар д-р Сара Кук ги советува мајките да не ја јадат својата плацента.
„Јадењето на плацентата, без разлика дали е исушена или замрзната, е нездраво“, изјавила Кук за HuffPost Канада. „Постојат хормони и токсини кои се создаваат во неа. Тоа може да предизвика бактериски и вирусни инфекции и кај мајката и кај новороденчиња кои цицаат“.
Ким Кардашијан објави фотографии од нејзините замрзнати сушени плацентни капсули, а кога славните личности ги промовираат овие трендови, тие стануваат евангелие“, додава докторката која живее во Торонто. „Иако славните личности немаат обуки во медицината или натуропатијата, луѓето им веруваат“.
Истражувачите од Универзитетот во Торонто тргнале да проучат кој јаде плацента и зошто.
Тие ги користеле социјалните медиуми за да ја рекламираат студијата за групите мајки / родители, објавена во јануариското издание на Journal of Obstetric, Gynecologic & Neonatal Nursing. Онлајн дискусии биле спроведени преку Google Groups за да се оцени знаењето, ставовите и верувањата на жените за време на бременоста и постпарталниот период поврзан со плацентофагија.
Истражувачите откриле дека вкупно, 24,9 проценти од испитаниците од 1,088 испитаници ја консумирале плацентата.
Според резултатите, најчесто забележаните придобивки од плацентофагијата биле намалена постпартална депресија, зголемени резерви на железо, зголемена енергија / намален замор и подобрена лактација.
Една испитаничка коментирала: „Дури и ако е плацебо, тоа дефинитивно ми помогна во споредба со моето закрепнување по првото дете“.
екои испитаници кои се бореле со проблеми како што се лошата лактација и постпарталната депресија жалеле поради тоа што не го направиле тоа.
Според студијата, американските жени – кои го сочинувале поголемиот дел од учесниците во анкетата – значително повеќе ја изеле плацентата (244 од 271 испитаници кои велат дека се вклучиле во оваа практика) во споредба со канадските (27 од 271) .
Жените кои доживеале компликации поврзани со бременоста, исто така, има помала веројатност да ја конзумираат плацентата од оние кои не доживеале потешкотии поврзани со раѓањето.
Студијата, исто така, покажала дека учесниците имаат поголема веројатност да се вклучат во плацентофагија по раѓањето на нивното второ дете.
Во месец ноември, Health Canada ги потсети Канаѓаните дека производите од човечката плацента не се дозволени за консумирање во Канада.
„Иако консумирањето плацента е личен избор, советуваме мајките и други кои можат да консумираат плацентни препарати да бидат свесни за потенцијалните ризици поврзани со оваа практика за себе и за своите бебиња“, се вели во соопштението.
Бидејќи човечката плацента е биолошки материјал, таа може да содржи инфективни бактерии или вируси, вклучувајќи хепатитис или ХИВ, велат од Health Canada. Тоа може да доведе до инфекции кај новите мајки и нивните бебиња.
Фото: Pixabey