И децата страдаат од мигрени

Возрасните најчесто ја чувствуваат мигрената како болка на едната страна од главата, додека децата кои имаат мигрени, ги боли цела глава. Педијатрите советуваат водење на „дневник на главоболки“

0
397

И децата можат да имаат мигрена, иако ја чувствуваат поинаку од возрасните.

Возрасните најчесто ја чувствуваат мигрената како болка на едната страна од главата, додека многу деца кои имаат мигрени, ги боли цела глава. Според германскиот педијатарски сојуз, многу деца се жалат и на пулсирачка и јака болка во областа на слепоочниците.

За среќа, таканаречената фаза на аура, односно, перцепциско пореметување поврзано со мигрената, кај децата е ретка појава.

Педијатрите советуваат водење на „дневник на главоболки“ за да ги откријат причинителите за нападите на мигрена.

Многу сон и уреден дневен ритам се добра превенција, а за децата со мигрени е особено важен добриот појадок, нагласуваат стручњаците.

[better-ads type='banner' banner='999' ]