Истражување: Најчести ужинки на децата се кексите, чипсовите и чоколадите

Ново истражување спроведено од компанијата Сорен открило дека децата, во просек, посегаат по грицки четири пати на ден. Поголема е веројатноста да го направат тоа попладне, а претпладне е тоа најчесто помеѓу 10 и 11 часот.

0
147

Според новото истражување, децата на возраст од 4 до 11 години во текот на неделата јадат околу 28 ужинки, при што најчести се бисквитите, чипсовите и чоколадите.

Истражувањето било спроведено од компанијата Сорен и било откриено дека децата, во просек, посегаат по грицки четири пати на ден. Тие веројатно ќе го сторат тоа попладне, а наутро најчесто го прават тоа помеѓу 10 и 11 часот попладне.

Исто така, се покажало дека 47 проценти од мајките и татковците ги загрижуваат намирниците што нивните деца ги јадат за ужина и сметаат дека не се здрави. Дури 46 проценти се загрижени дека нивните деца ги јадат премногу, а 19 проценти веруваат дека нивните деца повеќе грицкаат во текот на неделата во споредба со викендите. Повеќе од половина од испитаниците (56%) ќе ја задоволат потребата на своите деца за храна со бисквити, а 52% со чипсови.

„Истражувањата покажаа дека грицките се дел од рутината на детето. Сепак, важно е да се изберат вистинските намирници за да бидат децата сити и задоволни и полни со енергија. Знаеме дека децата го сакаат вкусот на бисквитите и чипсовите, но тие не се хранливи намирници“, вели Марк Симестер кој го водел истражувањето.

Просечниот родител, исто така, носи нешто за грицнување каде и да оди со своите деца, а исто така се добиени и податоци за прашањето за трошоците поврзани со ужинката. Родителите велат дека во просек трошат околу 50 евра месечно на вакви намирници, а еден од 20 тврдат дека трошат и повеќе од 100 евра месечно.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]