Истражување: Како вработеноста на мајката влијае врз синовите, а како врз ќерките

Изградбата на мајчината кариера може да има позитивни последици и на однесувањето на децата.

0
232

Списанието „Work, Employment and Society“ објавило истражување под називот „Да се учи од мајката: Меѓу-национални докази кои ја поврзуваат мајчината вработеност со идниот успех на децата“ кое го спровеле професорките од Харвардската деловна школа, Кејтлин Л.МекГин, Мајра Руиз Кастро и Елизабет Лонг Линго.

Во истражувањето учествувале 100 000 жени и мажи од 25 земји, а авторките дошле до инересни заклучоци. Помеѓу другото, според резулатите на нивното истражување, ќерките на вработените мајки во иднина ќе тежнеат кон подобро платени работи, повисоки позиции и поправедна распределба на домашните обврски. Вработеноста на мајката ќе ги поттикне синовите повеќе да се грижат околу куќата и другите членови од семејството, а такво однесување еден ден ќе применуваат и во сопственото семејство.

Конкретно, се покажало дека синовите кои ќе пораснат со вработена мајка, неделно ќе минуваат 8 часа повеќе помагајќи во домашните обврски како што се диплење на облеката или пак миење садови.

Сепак, истражувачките нагласуваат дека воспитувањето на децата е индивидуална работа на која секој родител ѝ пристапува на свој начин, односно, дека не постои „правилен“ начин на воспитување или образец кој треба да го следат сите родители.

Исто така, истакнуваат дека нивната намера не била да ги критикуваат невработените мајки, туку да ги охрабрат оние кои чувствуваат вина затоа што можеби со своите деца не поминуваат толку време колку што би сакале.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]