Универзитетот Харвард објавил голема студија за тоа што ги прави мажите посреќни, а станува збор за една од најдолгите и најдеталните студии на човечки развој во историјата.
Започната е во 1938.година, а следела 268 студенти од машки пол во период од раните години до постари години. Најинтересните заклучоци од ова истражување се однесуваат на „мамините синови“, односно, на мамините мази.
Имено, се покажало дека постои врска помеѓу блискиот однос со мајките во детството и подоцнежниот успех во животот.
За почеток, резултатите од истражувањето покажуваат дека разликата во платата на мамините мази и другите мажи се во просек 87 илјади долари по година, во полза на „мамините синови“.
Исто така, студијата покажала дека мажите кои имале близок однос со својата мајка, како што минуваат годините, се многу поуспешни во кариерата, а кај оние кои имале лош однос со мајката во детството, е зголемен ризикот од деменција во подоцнежна возраст.
Во книгата „Триумф на искуството: Мажите од големата студија на Харвард“ која ја напишал Џорџ Ваилант, долгогодишен водач на истражувањето, објаснети се заклучоците и односите кои научниците ги докажале.
Д-р Ваилант, кој ја водел студијата 42 години, смета дека е ова само уште еден доказ дека клуч на успехот е – љубовта.
„75 години и дваесет милиони долари потрошени на студијата довеле до еден заклучок. Среќата е љубов. Точка“, заклучил тој.
Фото: Pexels