Повеќето од нас се сеќаваат на наставниците во училиштата, некои се сеќаваат и на наставниците од градинка, но докторите и акушерките кои биле на нашето раѓање можеме да ги знаеме само од приказните на нашите мајки, ако ги запомнат. Ист е случајот и со медицинските сестри кои се грижеле за нас кога сме биле бебиња и сме лежеле во одделот за неонатологија.
Медицинската сестра Лиса МекГован од Њу Брунсвик, Њу Џерси со години се грижи за предвремено родени бебиња, а неодамна нејзината интересна приказна станала вирална. Имено, мајката на новороденчето Рената Фрејдин ја разгледувала книгата Радосница на својот партнер Дејвид и на фотографиите ја видела медицинската сестра, која била многу слична на медицинската сестра, која во моментот се грижела за нивниот син, Зејн Калдвел, роден десет недели порано.
„Минатата недела, тој ја пронајде својата „Радосница“, книга со спомени од времето кога бил бебе. И додека ја разгледував, наидов на фотографија од него како бебе и жената што го држи. Знаев дека ја познавам оваа жена! Јас веднаш го прашав која е и тој ми потврди дека тоа е медицинската сестра што се грижела за него за време на престојот во неонатологија, а неговата мајка толку многу ја сакала што сакала да ја има нивната заедничка фотографија на денот кога била отпуштена од болницата. Можев да се заколнам дека е тоа истата сестра што се грижеше за нашето бебе последните три дена! Дејвид не ми веруваше. Ја донесовме фотографијата во болница кадешто три сестри потврдија дека на фотографијата е истата сестра.
На Денот на вљубените кога таа се врати на работа за повторно да се грижи за нашиот син, моравме повторно да ја направиме истата фотографија. Последните недели беа исполнети со грижи и несигурност, но сега можам да издишам знаејќи дека истата сестра која се грижи за моето бебе му помогнала на човекот што го сакам кога бил во истата ситуација“, напишала мајката под својата објава на Фејсбук.
Фото: Фејсбук