Испланирав сè. Точно знаев каква мајка на тинејџер сакам да бидам – весела, среќна, полна со доверба. Бев убедена дека можам да средам да бидат среќни, добри луѓе, додека јас, како Ѕвончица, ја ширам моќта на љубовта низ мирната куќа.
Во тој акционен план, наидов на два проблеми:
1) Јас
2) Тие
Мојот план одеше фантастично сè додека не дојдоа тинејџерските години. Две години, помеѓу десеттата и дванаесеттата постојат само за да ви ги замачкаат очите и да ве измамат. Во тие години, верував дека сум одлична мајка, верував дека сум ја решила играта. Кога ќе ги вратам спомените, не беше лошо ниту тринаесеттата. Потоа дојде четиринаесеттата и нервозата ме обзеде. Се чувствував како сè да оди по тек што не го сакав. Мојот свет наиде на турбуленции.
Се разбира, сфаќам, растењето е нешто што мора да се случи. Тие растеа, а јас направив кардинална грешка, не се одделив ментално од нив. Тие пораснаа во автономни возрасни суштества а јас не направив никаква транзиција. Јас сè уште ги гледав како дел од себе, како природно продолжение на себеси, и мојата душа почувствува дека се кине. Не бев подготвена.
Драги мајки на мали деца, не дозволувајте никој да ве убедува дека тинејџерите се ужасни. Не мора да бидат такви. Сепак, доволно видов за да можам одговорно да тврдам дека тие честопати се голем извор на стрес, сето тоа на некој нов и модерен начин кој и тоа како умее да заболи. Имате време само за краток здив кога ќе сфатите дека пред само една година со тоа исто дете имаше сосема друга приказна.
Ќе бидете во неверување, како е можно да е истото дете.
Не постои мало дете чиј тантрум не можев да го решам во три чекори. Но, затоа постојат тинејџери со чија драма не знам и не умеам да излезам на крај.
Еднаш ја прашав пријателката, како има толку многу мајки блогерки со мали деца, додека има само неколку мајки блогерки кои имаат тинејџери. Нејзиниот одговор беше дека мајките на тинејџери се целосно посветени на своето мајчинство, немаат време да пишуваат и да паметуваат. Навистина. Не само што тинејџерите имаат моќ да ја исцицаат душата од вас, туку немате слатки сликички за Инстаграм кога се соочувате со секојдневна драма. Тие веќе не сте вие. Тие сега имаат репутација на која треба да внимаваат. Тие растат, пораснуваат и пуф, си одат.
Моите деца се добри деца. Ги сакам. Тие се сè за мене. Но, како што ја надминуваат својата мала школка и стануваат големи, се прави голем хаос. Тоа искрено никој не го кажува никаде.
Ако сè уште немате тинејџери, мислам дека треба да ги слушате моите совети и да се подготвите на време:
Негувајте ја врската со сопругот и љубоморно чувајте ја
Еден ден ќе бидете целосно одделени од вашите деца, и повторно ќе бидете сами. Затоа, негувајте ја вашата врска, бидејќи на крајот останувате вие и тој.
Децата се создадени да бидат свои луѓе. Вие двајца сте заедно засекогаш, обврзани.
Ќе има денови кога ќе му се јавите и ќе му кажете: „Душо, на децата не им се допаѓам и ништо не можам да направам за да ги убедам во спротивното, освен да го правам тоа што го правев досега. Но, сега навистина ми треба некој да ме сака!“ и ќе видите како вашиот брак цвета.
Грижете се за бракот затоа што децата растат и … си одат
Вашите деца не сте вие. Само бидете нежни кон себе
Целата енергија, напор, љубов, душа со кои сте ги поливале вашите деца кога беа мали се вредни. Но, имате уште долг пат да поминете. Чувајте се. Уживајте.
За десет, петнаесет години, ќе бидете баба, па затоа грижете се за себе. Потрудете се добро да се познавате себеси кога вашите деца ќе одлетаат од гнездото.
Се надевам на најдоброто
Повеќе сакам да менувам пелени цел ден отколку да се расправам со тинејџер. Јас повеќе сакам да се занимавам со тантруми на бебе отколку на тинејџер. Бидејќи, на крајот на краиштата, со мало дете е поедноставно ракувањето, тоа е побезбедно. Кај тинејџерот се занимавате со неговите силни чувства и душата на млад човек.
Морам да повторам – тинејџерите се фантастични млади луѓе. Не сакам да ве затекне нивната реакција од „ведро небо“ на нешто ситно и безначајно. Ќе го видите тој типичен поглед на тинејџер и крвта ќе ви се замрзне во вашите вени. Но, ќе се сетите … така правев и јас со моите родители. Ах, како сето тоа се враќа. Емпатија, кажете си, емпатијата помага.
Никогаш не сум била повеќе благодарна што сопругот е до мене. Научив дека моите деца имаат свој идентитет и дека јас морам да го задржам својот.
Фото: Unsplash