Сонот на Новак Ѓоковиќ уште од негова седумгодишна возраст бил да стане тениски првак. Неговиот сон станал јаве благодарение на неговата упорност и трудот што го вложил во ова од мали нозе.
Тенискиот рекет го зел во раце на четиригодишна возраст во тенискиот камп на Копаоник. Три години подоцна го дал своето прво интервју.
На прашањето што му е цел во тенисот, одговорил: „Да станам првак!“
Тој открил дека после училиште оди на тренинг, а потоа пишува домашна задача. Поради тоа успева да си игра дури кога ќе се стемни.
„За мене тенисот е обврска“, додава во интервјуто малиот Ѓоковиќ.
Погледнете го интервјуто во видеото подолу:
Фото: Youtube screenshot