Ако сте мајка со Инстаграм профил, има добри шанси дека ќе ги објавите „задолжителните“ семејни слики вредни за споделување на социјалните мрежи.
Сигурно ги имате оние класични со трудничкиот стомак, хаотични, но сепак стручно координирани семејни фотографии, и „воздушни“ снимки од вашето утринско кафе.
И, се разбира, кој може да заборави на онаа фотографија – таткото без кошула кој го држи бебето на градите?
Има логика во тоа што и Инстаграмот на најпознатата кукла на светот, не се разликува од вашиот. Познатата играчка на Мател е мажена мајка со две деца, и покрај некои гумени зглобови, нејзиниот инстаграмски профил покажува дека живее исто како и останатите, или барем како вистинските мајка блогери што ги следиме на Инстаграм.
Оваа хипстерка која има неверојатни 12.000 верни следбеници, располага со многу #momlife хаштагови, најавувања за бременост и фотографии од раѓање, па не се чувствувајте лошо ако украдете неколку идеи за сопствениот Инстаграм профил.