Инстаграм му штети на менталното здравје на младите?

Резултатите од истражувањето покажале дека, на прво место, Инстаграм му штети на менталното здравје, ја поттикнува анксиозноста, осаменоста и депресијата, како и несигурноста за сопствениот изглед.

0
211

Факт е дека живееме во модерно време кое со себе носи некои свои обележја и промени.

Социјалните мрежи се еден сосема поинаков вид на комуникација кој најчесто, иако најчесто безопасен, информативен и забавен, понекогаш сепак може да донесе и некои негативни конотации.

Токму по ова се воделе научниците од Кралското друштво за јавно здравје од Велика Британија, кога ја спровеле анкетата #StatusOfMind. Ова истражување опфатило 1479 млади луѓе на возраст од 14-24 години, како од Англија, така и од Шкотска, Велс и Северна Ирска.

Резултатите од истражувањето покажале дека, на прво место, Инстаграм му штети на менталното здравје, ја поттикнува анксиозноста, осаменоста и депресијата, како и несигурноста за сопствениот изглед. Од друга страна, Јутјуб е карактеризиран како мрежа која најблаготворно делува нa здравјето на младите, добивајќи најмногу позитивни оценки од страна на учесниците.

Негативните влијанија на Инстаграм врз младите најчесто се гледаат во тоа што прикажува нереални детали од животите на неговите корисници.

Инстаграм стана некој вид на другата страна на огледалото, егзибиционистичко-изменет приказ на моменти, нешто што се посакува и кон што се тежнее. Социјалната мрежа која иницијално им била наменета на вљубениците во фотографијата, денеска е платформа за исфилтриран приказ на нечиј живот.

Социјалните мрежи се платформа која не само што служи како комуникациски канал, туку е и простор за изградба на односи, самоизразување, обликување на сопствен идентитет, учење за сето она што не опкружува. Како такви, неминовно е да имаат влијание и на нашето ментално здравје.

Загрижувачки е дека стапките на анксиозност и депресија кај младите пораснале за 70 отсто во последните 25 години и социјалните мрежи имале значајна улога во ова.

Знаејќи дека дури 91отсто од младите на возраст од 16-24 години ги користат социјалните мрежи како секојдневен вид на дружење и комуникација, очекувано е не само да се спроведуваат вакви истражувања, туку и да се работи на константна едукација на младите за да се намалат овие загрижувачки бројки:

Какви се решенијата?

Некои од предлозите несомнено можат да имаат позитивен ефект, но истовреено наведуваат и на подлабоко размислување.

Од тоа дека се предлагаат поп-ап предупредувања кога социјалните мрежи се користат премногу во текот на денот, преку тоа дека е потребно да се воведат задолжителни ознаки за фотографиите кои се обработени во некои од програмите за фото-манипулација.

Уште еден од аларамантните предлози за борба против негативните ефекти од социјалните режи е и тој дека мореите сами ги идентификуваат корисниците кои би можеле да страдаат од ментални проблеми – со увидот во нивната објава – со цел дискретно да ги упатуваат на групи за поддршка.

Од друга страна, предлозите како воведување на едукација за социјалните мрежи во училиштата, обучување и на младите и на возрасните за позитивните и негативните ефекти од овој можен комуникациски алат се и тоа како добредојдени.

Затоа што, како и во другите сфери, на нам возрасните е, како родители, да знаеме повеќе и подобро од своите деца и да ги упатиме во се она што треба да знаат за безбедно користење на социјалните мрежи.

[better-ads type='banner' banner='999' ]