Луѓето се разликуваат едни од други, па со самото тоа и воспитниот стил и односот со детето се различни кај секој родител. Поаѓајќи од фактот дека сите начини на родителство имаат свои предности и недостатоци, Шивон Фригард спровела детално истражување врз основа на кое ги класифицирала мајките на училишните деца во следниве типови. Откријте на кој тип му припаѓате вие.
Инстаграм мајка
Без оглед дали има едно или три деца, таа е секогаш средена, нашминкана и подготвена да направи совршена фотографија. Таа е секогаш насмеана и трпелива и има разбирање за секој испад на децата. Поради тоа ја сакаат и пријателите на нејзините деца.
Веганка
Таа е добронамерна и срдечна, а нејзините забави и родендените на децата се без пластика, јајца, месо, млеко. Таа ја користи секоја можност да ги информира љубопитните деца за тоа зошто не треба да носат облека направена од крзно и волна и зошто треба да бидат заштитнички настроени кон животните. Нејзините деца не јадат брза храна.
Мајка која е вечно во брзање
Таа е вознемирена, под стрес и постојано брза некаде. Речиси секогаш паркира точно пред училиштето, додека децата излетуваат од автомобилот со сендвич во рака, бидејќи не стигнале навреме да појадуваат дома. Организацијата не ѝ е силна страна и честопати е расеана. Има мала толеранција за бељите на децата.
Фото: Pexels