Има само два месеци и стои сама – дали е тоа опасно? (ВИДЕО)

Родителите се горди затоа што бебе старо само 15 недели стои само, но, дали е тоа опасно?

0
605

Тезра Фин-Џонстон и неговата девојка Емили Дерик од Бристол неодамна добиле бебе – девојче, за кое велат дека е неверојатно силно.

Родителите велат дека веднаш по излегувањето од породилиштето, забележале колку е силно девојчето, затоа што може да ја држи главата исправена уште од најраните денови.

Родена е на 31 јануари, а тежела само 2.260 грама, а само две недели подоцна, таа успеала на кратко да застане сама. После тоа, 15 недели по раѓањето, таа може да стои целосно сама, без ничија помош.

Мама и тато се многу горди на тоа, го објавиле и нејзиното видео, а мислат дека малата Лула била инспирирана за ова од гледањето видео-снимки на разни ‘стронгмени’.

„Кога имаше само еден месец, таа плачеше и јас се обидував да ја смирам. Одеднаш застана на моите колена и не сакаше да ги свитка колената. Таа го стори тоа уште неколку пати во следните недели – на крајот мислев, ако може да го стори тоа кога е лута, може и кога е среќна“, вели овој татко.

Тој истакнува дека сите мислат дека е необично што такво мало бебе мож да стои сама – инаку, бебето дури околу деветтиот месец од животот или малку подоцна, успеваат да ја одржат својата тежина стоејќи на нозе.

На родителите им е забавно да ја набљудуваат и велат дека често им се насмевнува кога стои сама, речиси како да се гордее што може да го прави тоа. Покрај тоа, тие се горди што малата Лула стои сама – веќе знаете колку се горди родители кога детето за прв пат прави нешто, особено ако е тоа порано отколку што би „требало“ – но педијатрите предупредуваат дека тоа баш и не е многу паметно.

И покрај тоа што може да стои сама, не е паметно во толку рана возраст затоа што може да дојде до повреда, бидејќи сè уште не е стабилна на нозете и поклекнува. Се разбира, не се развиваат сите деца како по книга, такашто сите да почнат да прават нешто тогаш кога повеќето прават, но ако бебето започнува да оди или да зборува многу порано, на пример, дефинитивно е добро да се консултирате со педијатар за да бидете сигурни дека сѐ е во ред.

Она што сите педијатри се согласуваат е дека родителите никогаш не треба да го присилуваат детето да прооди, да проговори …

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]