Кога ќе им кажам на другите мајки дека имам пет деца кои не носеле пелени во моментот кога прооделе и дека ниедно од нив не сум морала да го учам на нокшир, секогаш остануваат без текст затоа што не им е јасно со кои методи сум успеала во тоа, вели Андреа Олсон, мајката зад Инстаграм профилот „Godiaperfree“.
Таа на својот блог и на Инстаграм открива со кои трикови се служела за да им помогне на своите деца да поминат помалку време во пелени.
Како прво, дозволете ми да споменам една работа: нема да биде лесно. Јас применив метод што го нареков „комуникација за елиминација“. Станува збор за обука на бебињата на шолја за целосно елиминирање на пелените уште од мали нозе.
Со мојот метод се почнува веднаш по раѓањето затоа што е полесно да се започне што е можно поскоро и затоа што новороденчињата имаат свои инстинкти во врска со хигиената кои подоцна ослабуваат. Зошто би ги оставила моите деца да мочкаат и какаат во пелена кога имаат инстинкти што им кажуваат да не го прават тоа. И биологијата и психологијата појаснуваат дека бебињата нема да вршат нужда во пелени, освен ако не бидат принудени. Значи, веднаш штом ќе започнат да се исправуваат, им ги вадам пелените.
Кога бев бремена со првото дете, читав многу за овој метод на елиминација на пелените и го применив веднаш штом се роди. Тој веднаш се навикна да оди на шолја и тоа придонесе многу за мојата самодоверба на новопечена мајка. Во текот на следните осум години, родив уште четири деца и се навикнав на овој метод. Кога луѓето ме прашуваат зошто го правам тоа, ја кажувам вистината:
Затоа што е полесно од менување милион валкани пелени. И, зошто би сакала да седам и да чекам моето дете да се искака за да го чистам тоа? И бебињата повеќе го сакаат овој метод.
Така и на бебињата им е полесно, поудобно, поздраво. Нема осип од пелена, нема запек, нема непотребна траума кога преминуваат од пелена на нокшир па на шолја, нема мочкање во кревет. Не е само тоа, заштедивме околу 10,000 американски долари на пелени, ја зачувавме животната средина и пораснавме деца кои не пораснаа опкружени со смрдеа од валкани пелени.
За сите што ќе ми каже дека ми е ова лесно затоа што сум домаќинка, имам една работа да ви кажам. Имам три сопствени фирми, пет деца и живеам во селска куќа од 1890.година (значи секогаш треба да поправаме нешто). Работам четири дена неделно од дома и покрај сето тоа и дојам. Остатокот од денот ги чувам децата, планирам оброци, чистам, купувам и правам сé што е потребно. Ако можам јас, можете и вие.
Секое од моите деца остана без пелени веднаш штом се исправи и почна да учи да оди. Со секој од нив одеше вака: првото дете ја симна пелената на 9,5 месеци, второто на 13, третото на 17 , четвртото на 12 и петто на 13 месеци.
Сите на околу 26 месеци, престанаа да мочкаат ноќе и тогаш им ги извадив ноќните пелени.
Фото: Инстаграм