Имаме бебе! Машко или женско? Ќе го прашаме за 3-4 години

Некои девојчиња имаат пениси, а некои момчиња вулва. Некои деца имаат вулва и тестиси. Исто така, некои татковци можат да забременат. Кај отиде светов?! Дотаму што некои родители почнаа да го кријат полот на своите новороденчиња... се додека сами не си го одберат полот.

0
244

Д-р Кил Мајерс и нејзиниот сопруг Брент добиле бебе пред четири години. Одлучиле да не го одредуваат неговиот пол по породувањето. Му го дале името Зумер, не им го откривале неговиот пол на луѓето и одлучиле да го пуштат своето дете кога ќе порасне само да се изјасни дали е машко или женско.

„Користевме неутрални заменки сè додека детето не можеше само да ни каже што му одговара најмногу. Зумер и натаму учи и истражува за полот без стереотипни очекувања или ограничувања”, вели Мајерс.

Во една статија за Тајм, таа објаснила: „Зумер разбира дека некои девојчиња имаат пениси, а некои момчиња вулви. Тој исто така знае дека некои деца имаат вулва и тестиси. Исто така, за него е јасно дека некои татковци можат да забременат. Кога некој лик во детска емисија вели: ‘Здраво, момчиња и девојчиња!’ Зумер додава: ‘И небинарни пријатели!’

Д-р Кил верува дека полот е одлука на поединецот, а не нешто што е одредено од раѓањето. Зумер започна да се опишува себеси како момче околу неговиот четврти роденден, но претпочита полово неутрални изрази како „дете“ или „браќа“ наместо „брат и сестра“.

Зумер избира облека и играчки според она што му се допаѓа и што го сака, без да обрнува внимание на родовите граници создадени од маркетинг тимовите“, објаснила Кил, додавајќи дека постојат примери за вознемирување преку Интернет и засрамувачки коментари од странци, но дека повеќето луѓе ги поддржуваат. Кил води блог кој дава извори на информации за родово креативно родителство за возрасни и деца.

Сепак, во денешно време сме далеку од родните стереотипи па навистина веќе речиси никој не мисли дека девојчињата си играат само со кукли и се облекуваат во розево, ниту пак дека момчињата треба да си играат само со автомобилчиња и да се облекуваат само во сино. Но овие и други родители кои му припаѓаат на т.н. Родно креативно родителство, отишле и чекор понатаму во сфаќањето на половите и родовиот идентитет и тоа прилично драстично.

Тие ги одгледуваат своите деца без да им наметнуваат било каков родов идентитет и без притисок на стереотипите. Но, како што родителите со својот однос и пораките влијаат на детето да го прилагоди својот идентитет кон својот билошки пол, така и родовото неутрално воспитување влијае на децата да станат родово збунети и неопределени. Можеме да претпоставиме дека тоа ќе придонесе за многу поголема застапеност на трансродови лица кога ќе пораснат генерациите на така воспитувани деца.

Имено, главна задача на родителите е да го прифатат и да го сакаат своето дете без оглед на тоа од кој пол е – да не го збунуваат и да не му го оспоруваат правото да гради свој идентитет во согласност со своите хромозоми. Рамноправноста на братот и сестрата е подлога за општество на рамноправни жени и мажи, при што рамноправноста не значи бришење на разликата помеѓу машкото и женското.

Што мислите вие за родовото неутрално воспитување?

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]