Кога вашето дете ќе му направи нешто на друго дете или на некоја возрасна личност, што прават најчесто родителите – му велат на детето да се извини затоа што така наложува бон-тонот на возрасните кои родителите, логично, сакаат да им го всадат на децата уште од мали нозе.
Не го правете тоа повеќе затоа што форсираните извинувања носат повеќе штета отколку корист, велат психолозите. Особено кога гледате дека на детето му е тешко да го изговори зборот „Извини“. Според зборовите на Лаура Маркам, детски психолог и писател, форсирањето на извинувањето е во целосен несклад со она што децата во тој момент навистина го чувствуваат.
На пример, го терате детето да му се извини на своето другарче затоа што го удрило и му ја зело играчката, го искубало…детето ќе ви каже дека му е глупо да се извинува затоа што е луто и дека тоа што го терате да се извинува го прави уште полуто.
Впрочем, ако детето се извинува затоа што мора да ја задоволи формата, тогаш е тоа во детските очи чиста лага. И имаат право! Затоа што форсирањето на децата на нешто ги учи децата на погрешни лекции, и како такво, форсираното извинување нема да го реши настанатиот проблем. Тоа го докажале и бројните студии, не само оние во кои се проучувале детските реакции туку и бројни студии врзани за меѓучовечките односи.
Како тогаш да се научат децата дека е извинувањето важно за пријателството и односите?
- Учете го детето да комуницира поотворено
Ако го учите своето дете отворено да ги искажува емоциите и желбите, како и на тоа дека и другите деца имаат чувства и желби, ако го учите да се слушаат себеси и другите деца, тогаш до конфликтни ситуации ќе доаѓа многу поретко, односно, детето ќе научи да ги реши своите конфликти на многу подлабоко ниво отколку што е едноставното лажно извинување.
- Почекајте лутината да помине
Не го терајте детето да се извини автоматски (освен ако самото не почувствува потреба за тоа). Подобро почекајте да се одлути затоа што дури тогаш ќе биде подготвено за искрено извинување.
- Поттикнувајте ги сами да ја поправат работата.
Кога родителите се мешаат во секој конфликт, било да се работи за едно нивно и едно туѓи дете, или за браќа и сестри, каква порака им испраќа на децата? Дека мама и тато секогаш ќе ги репаваат нивните проблеми? Треба да им се даде можност добро да размислат за се и дури кога ќе почувствуваат потреба да се извинат, дури кога ќе сфатат дека згрешиле, тогаш можете да зборувате за нивниата одговорност сами да ги решаваат своите несогласувања.
- Учете ги на својот пример
Ниту на големите не им е лесно да изустат „извини“, но ако вие како родител секогаш кога ќе направите нешто (намерно или случајно), лесно изговарате искрено извинување, на своето дете ќе му дадете најдобра лекција. Така и тоа полека ќе научи што е тоа извинување, кому му е потребно, како се чувствуваат после извинувањето, без оглед дали се тие оние кои велат „извини“ или некој им се извинува нив. Така многу полесно ќе научи да се извини без никој да го тера на ова.
Се сеќавте на хитот – Sorry seems to be the hardest word?
Што мислите вие за ова, дали е ова навистина најтешкиот збор?
Фото: Pixabey