На училишна возраст децата веќе покажуваат одредени склоности и интереси, но ако сепак не сте сигурни што е тоа што ќе го израдува детето, секогаш постојат универзални играчки кои би му се допаднале на секое дете.
Тешко дека дете од 7 или 8 години ќе убедите во магија, но секогаш можете да ги заинтересирате за наука, експерименти или уметност, науки кои ќе ги фасцинираат и ќе го зачуваат во нив творечкиот и истражувачкиот дух.
Исто така, децата на училишна возраст се моторички многу спретни, па играчките за кои е потребна прецизност, музичките инструменти или спортска опрема, се секогаш добар избор.
Од 6 до 7 години
Автомобил на далечинско, основен сет за хемија, магнети, телескопи, уметнички сетови, видео игри, лего коцки, спортска опрема, игри за кои е потребна стратегија, како што се шах и монопол.
Осум години и постари
Децата на оваа возраст уживаат во спорт и сакаат да си играат надвор од дома. Сакаат велосипеди, ролери и топки. Девојчињата сакаат уметност и пишување во дневниците или пополнување споменари.
На момчињата на оваа возраст им се интересни и видео игрите па ако ги користат според препораките, тие би можеле да бидат добри затоа што ги поттикнуваат децата да ги подобруваат вештините, да развиваат способности за планирање и тактизирање, да си играат и да се натпреваруваат со пријателите.