ИВФ: Дали ананасот помага во имплементација на ембрионот?

Во последниве години, ананасот стана неформален симбол за успехот на оплодувањето со ин витро. Но, дали консумирањето на ананас за време на ИВФ  навистина може да придонесе за успех на постапката?

0
246

Ако сте се консултирале со „Д-р Гугл“, сте читале блогови за плодност или сте учествувале во дискусии на форум, веројатно сте слушнале за употребата на ананас во вашата исхрана за време на постапката за ИВФ, што би требало да помогне (или барем да ги подобри вашите шанси) за имплантација на ембрионот. Ананасот во последниве години стана неформален симбол за ИВФ успех.

Може ли ананасот да помогне при зачнувањето?

Иако сè уште не постои истражување кое би потврдило дека ананасот помага при имплантација на ембрионот постојат неколку можни механизми со кои ананасот навистина може да биде корисен. Како растение, ананасот не е богат извор на хранливи материи, но содржи нешто уникатно – бромелин, ензим способен да разградува протеини или белковини. До денес се објавени многу научни трудови на тема бромелаин. Бромелинот се препорачува како лек во сите случаи на отежнато варење на протеини и недоволно лачење на ензими на желудочен сок.

Значи, бромелинот е ензим во ананасот, за кој се смета дека му дава на ананасот терапевтски ефекти. Конкретно, бромелинот е антиинфламаторно средство. Истражувањата сугерираат дека тој го стимулира имунолошкиот систем да се оддалечи од воспалителната состојба. Ова може да им помогне на жените кај кои проблемите со имплантација се предизвикани од воспаление.

Значи, бромелинот делува како разредувач на крвта и антикоагулант: Разредувачите на крв, како што е аспиринот, обично се препорачуваат за жени кои се обидуваат да забременат со вештачко оплодување, за да го поддржат протокот на крв во матката. Бромелинот во ананасот може да има сличен ефект. Колку е подобар протокот на крв во матката, толку се поголеми шансите за зачнување. Третманот со акупунктура исто така го подобрува протокот на крв во матката.

Совети за консумирање на ананас

Ако сакате да пробате да консумирате ананас како помош за подобрување на успехот на имплантација на ембрионот, постојат неколку упатства:

Не користете ананас во конзерва: процесот на конзервирање може да го уништи бромелинот.
Задолжително изедете ја срцевината: тука се наоѓа најголемата концентрација на бромелин.
Користете ананас само по овулацијата! Јадењето премногу ананас пред овулацијата може да ја зголеми киселоста на цервикалниот мукус, што го прави „негостољубив“ за спермата.
Не е препорачливо да користите ананас (со срцевина) како помош за плодноста додека земате кој било друг вид на разредувач на крв, како што е аспирин, без претходна консултација со вашиот лекар.
Изберете органски ананас секогаш кога е можно.
Престанете да јадете ананас (со срцевина) ако откриете дека сте бремени!

Ви посакуваме многу среќа на патот кон бременоста!

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]