Како новопечена мајка со мал син, знаејќи за сите оние истражувања кои зборуваат за тоа колку лесно можете да го упропастите своето дете, се вратив на школувањето и стекнав диплома на клинички психолог, ја започнува својата исповед Лори Гетлиб во американскиот магазин Atlantik.
Својата работа на психотерапевт го започнала во уверување дека главна работа на психотерапијата е на пациентите да им го надомести недостатокот од разбирање и емпатија од нивните родители. А тогаш ги добила првите пациенти..
После неколку „школски“ случаи какви што и очекувала, налетала на пациентка која била се оисвен личност со недостаток на родителско разбирање. Всушност, имала „прекрасни“ родители, извонредно образование, супер работа, прекрасен стан и сите околу неа ја разбирале и ја поддржувале. А таа едноставно не била среќна.
Додека се обидувала да ја сфати својата пациентка надвор од сите востановени шаблони, пишува Лори, се случувало нешто чудно. Почнала да добива се повеќе и повеќе такви случаи На нејзиниот кауч се ределе 20/30-годишници кои страдале од депресија и анксиозност а нивните мајки и татковци како да со сето тоа имале многу малку врска. Згора на се, сите тие зборувале за тоа колку ги „обожуваат“ своите родители. Многу од нив ги нарекувале свои најдобри пријатели и се фалеле дека се тие секогаш тука за нив. На некои од нив родителите има ја плаќале и психотерапијата.
Во почеток, Лори се сомневала во нивните пофалби за родителите, меѓутоа, се укажувало на тоа дека тие навистина имаат родители полни со љубов, кои им дале слобода да се „најдат себеси“ и ги охрабрувале да направат во животот се што сакаат. Рподители кои секоја вечер им помагале со домашните задачи, трчале во училиште секогаш кога ќе се појавел во училиштето некој силеџија, им плаќале приватни часови по математика, ги запишувале на музика веднаш штом ќе пројавеле интерес, и им дозволувале да се отпишат веднаш откако ќе го загубеле интересот. Наместо да ги казнуваат нивните родители ги пуштале децата да се „соочат со логичките последици“ од кршењето на правилата. Накусо, нивните родители биле целосно усогласени со своите деца и се погрижиле да ги спроведат низ сите искушенија на растењето. Едноставно им завидував како успеваат да бидат толку фантастични“, опишува таа.
„А тогаш, еден ден ми светна: Дали е можно нивните родители да правеле премногу? Бев тука и ги гледав резултатите токму на тоа родителство какво што јас и моите врсници се обидувавме да применуваме токму за да не завршат нашите деца еден ден на каучот на некој терапевт. Во текот на школувањето, фокусот секогаш беше нa недостатокот на родителско разбирање. Никој не се запраша, што ако се родителите и премногу добро ускладени со своите деца?
Модерното друштво е опседнато со среќа и на родителите главна цел им е нивните деца да бидат среќни. Набљудувајќи го овој феномен, моите колеги и јас се запрашавме дали грижата на родителите нивните деца никогаш да не бидат несреќни во текот на детството води кон тоа кога ќе пораснат тие никогаш да не бидат среќни?
Готлиб наведува пример од своето родителско искуство, кога размислувала на своето четиригодишно синче да избегне да му каже дека нејзината пријателка умрела од рак, надевајќи се дека нема ни да забележи дека повеќе ја нема. Сепак, одлучила да му каже и секако, се сооќчила со многу прашања на кои трпеливо одговарала. Сигурна е дека постапила добро затоа што му укажала доверба затоа што верувала дека тој ќе може да се избори со тоа и на тој начин го направила емотивно посигурна личност. Ако му премолчала, би му испратила сосема друга порака – дека не верува дека е способен да излезе на крај со лошите искуства. А токму тоа е пораката која денешните родители им ја испраќаат на своите деца.
Таа го цитира детскиот психолог Ден Киндлон кој предупредува дека децата без болни искуства како што се непријатностите, неуспесите и напорите не можат да развијат „психоилошки имунитет“, како и Венди Могел, клинички психолог и авторка на книгата „Благослов на одраното колено“ која работи како советник во училиштата ширум Америка. Могел забележала дека последните години на колеџ пристигаат се повеќе студенти кои жаргонски ги нарекувааѕ „шолјички за чај“ затоа што се толку нежни што доживуваат слом веднаш штом нешто не е по нивно.
Наведените психолози сметаат дека родителите не сакаат нивните деца да бидат самостојни, затоа што самите страдаат од страв од одвојување. Децата им служат да ги пополнат емотивните дупки во своите животи и поради тоа настојуваат да се мешаат во животите на своите деца решавајќи ги нивните проблеми и кога тие веќе длабоко загазиле во зрелост. Некои универзитети веќе изнајмуваат и персонал задолжен да ги држи родителите на отстојание од студентите, а многу имаат и „декан за родители“ за да се изборат со новиот феномен на родители кои не сакаат да ги остават своите деца на мира.
„Денеска родителите не можат својата осаменост да ја решат во рамки на заедницата, затоа што е таа ослабната, има се повеќе разведени, па во бекство од изолацијата тие се вртат кон своите деца“ објаснува Ден Киндлон. Во недостаток на пријатели, сакаат децата да им бидат најдобри другари. Исто така, тие имаат помалку деца од претходните генерации на родители, па секое дете го сметаат за поскапоцено. Со самото тоа, од децата очекуваат да им посветуваат повеќе време, да постигнат повеќе, да ги усреќат повеќе.
Гетлиб разговарала и со Џин Твенџ, авторка на книгата „Епидемија на нарцизмот“ која интензивно се занимава со фено,менот на „инфлација“ на самодовербата. „Она што почнува како здрава самодоверба многу брзо прераснува во нереална слика за себе и во нарцизам“, објаснува Твеџ.
А со нарцисоидната самодоверба расте и депресивноста и анксиозноста.
„Нарцисите се среќни кога се помлади, затоа што се чувствуваат како центар на универзумот. Родителите се ставаат во улога на нивни слуги кои ги водат од една на друга активност и им ја исполнуваат секоја желба. Постојано им зборуваат дека се специјални и талентирани се додека овие не поверуваат дека се подобри од останатите“, објаснува таа.
Меѓутоа, кога ќе пораснат, тоа станува проблем. Не се во состојба да соработуваат со другите или да се соочуваат со ограничувања. Очекуваат на работа да им биде постојано интересно затоа што се навикнати на тоа. Не им се допаѓа ако шефот ги критикува ниту да не добиваат постојани пофалби.
Гетлиб наведува како пример разговор со една учителка која барала да остане анонимна затоа што родителите очекуваат таа да ја поддржува нивната воспитна филозофија. Учителката секој ден мора да се избори со родителите кои сакаат да се плеткаат во секоја расправија помеѓу децата, не дозволувајќи им тие да решат сами било шпто, па дури ни кој следен ќе си игра со автомобилчето. Иако најмногу би сакала на децата кои кршат правила, се караат, се гаѓаат итн.да им каже едноставно „Веднаш престанете“!, таа не смее да го стори тоа затоа што во тој случај би добила отказ. Наместо тоа, таа мора да разговара со нив, да истражува како се чувствуваат, да им објасни што друго можат да направат со тие чувства и да им помогнат заеднилки да најдат решение.
„Додека да завршиме со разговорот, повеќе не им е до играње, но затоа пак, за пет минути повторноп настанува истиот проблем, затоа што и минатиот пат поминал неказнето.
Друга воспитачка со која разговарала смета дека родителите се повеќе го попречуваат детскиот развој. Дури и кога мислат дека „поставуваат граници“ тие всушнопст се однесуваат по линија на помал отпор. Децата не се согласуваат со поставените правила, а родителите под изговор на „уважување на детското мислење“ се откажуваат од поставените граници. „Секоја година, родителите ми доаѓаат да се жалат зошто нивните деца не ги слушаат. Зошто не прифаќаат не како одговор? А јас им велам: „Вашето дете не прифаќа не како одговор затоа што вашиот одговор не е никогаш НЕ“.
Бери Шварц, автор на книгата „Парадокс на изборот“ смета дека родителите на децата секој ден им даваат толку можности за избор, што децата не само што стануваат разгалени, туку и парализирани.
Поентата е во тоа дека децата се чувствуваат посигурни кога пред нив има помалку избори, вели Шварц, затоа што им е тогаш полесно да се посветат на одредени работи и не мислат на останатото, што е вештина која ќе им биде потребна во животот.
„Не велам дека децата не треба да испробаат разни работи туку треба да им понудите разумен избор.
Гетлиб го споредува своето детство во кое баш и не можела многу да одбира што ќе има за вечера или што да се прави за викенд, со детството на својот син, пред кого секогаш става повеќе можности.
„Ние не можевме многу да одбираме, па бевме задоволни со она што ќе го добиевме. Кога малку ќе порасневме, имавме повеќе можности за избор и им бевме дораснатри“. Сега, како што забележува Џин Тверџ, „децата ги третираме како возрасни кога се мали, а кога ќе наполнат 18 се однесуваме како да се деца“.
Својот осврт на современото воспитување и на неговите последици, Гетлиб го завршува со една анегдота од својата ординација. Имено, откако забележала доза на непријатност кај еден од пациентите и го прашала во што е проблемот, излегло дека тој има конфликтни чувства по повод доаѓањето на терапија.
„Моите родители би се чувствувале виновни кога бин знаеле дека сум тука“, објаснил тој. „Од друга страна, можеби би им било и драго затоа што толку многу сакаат да сум среќен. Затоа не сум сигурен дали би биле задоовлнио затоа што сум дошол тука за да бидам посреќен, или поразочарани затоа што веќе не сум среќен“.