Зошто трудниците треба да пијат сок од брусница?

Консумирањето на овој пијалак има бројни здравствени придобивки, а ова особено важи за бремените жени на кои сокот би можел да им помогне во спречување на инфекциите на уринарниот тракт кои често се случуваат од 6-тата до 24-тата недела од бременоста

0
283

Витамините и минералите од природните производи подобро се апсорбираат од телото отколку оние добиени од фармацевтските препарати. Затоа, свежото овошје, зеленчук и бобинките треба да бидат присутни во сечија исхрана. Еден од најважните пијалаци е сокот од брусница, кој може да биде главен извор на витамин Ц и сигурен диуретик.

Брусницата припаѓа на група бобинки кои успеваат во постудените региони на Северна Америка и северна Европа. Расте на песочни, суви и тресетски терени на планинските предели, претежно иглолисни шуми, а плодот се состои од црвени кисели бобинки со горчлив вкус кои се берат наесен, од крајот на август до октомври.

Сокот од брусница би можел да помогне во спречување на инфекции на уринарниот тракт кај трудниците, кои често се случуваат од 6-тата до 24-тата недела од бременоста, па затоа Американското здружение за бременост препорачува пиење на сокот за оваа намена.

Сепак, засладениот сок од брусница е богат со шеќер, затоа пијте незасладени ако можете да го поднесете трпкиот вкус. Урамнотежената исхрана е клучна во бременоста, па ако пиете сок од брусница, консумирајте го во рамнотежа со разновидна друга здрава храна.

Сепак, треба да се консултирате со вашиот лекар пред да земете концентрирани додатоци од брусница, како и пред да се обидете да лекувате инфекција или која било друга медицинска состојба дома.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]