Со години, генерации и децении наназад, акушерите биле сложни во едно. Папочната врвца треба да се пресече веднаш штом детето ќе се роди. Меѓутоа, тоа не би требало да биде така. Наводно, би требало да се почека барем малку. Во јануари Американскиот колеџ на акушери и гинеколози станал водечка организација која одлучила на чекање пред да се пресече папочната врвца. Со чекање барем 30 до 60 секунди се овозможува поголем доток на крв до новороденчето, со што директно се влијае и на дополнително ниво на железо во крвта, што е неопходно за развој на мозочните клетки на детето.
Во текот на тој период, бебето може да биде покриено или ставено да се одмара на телото од мајката. Ако станува збор за царски рез, докторите можат да го причуваат бебето неколку моменти, за да се овозможи дополнителен доток на крв. Истражувањата од 2012.година биле своевиден вовед во овој заклучок, но сѐ до оваа година, не било во потполност потврдено. По собрирањето на дополнителни информации, заклучокот е јасен. Потребно е малку да се почека за да му се овозможи на детето дополнително време да земе од мајката сѐ што му е неопходно.
Согласност со ова стасала од Американската Академија на педијатри, додека од Светската здравствена организација предлагаат, ако е можно, да се почека дури и до пет минути, за да се помогне што повеќе. Порано било вобичаено да се почека неколку минути, знаејќи дека тоа може да му помогне на детето, но подоцна се вовела праксата на пресекување на врвцата веднаш по раѓањето затоа што верувале дека постои ризик од крварење на мајката ако тоа не се направи веднаш.
Џон Катвинкел, професор по неонаталогија на Универзитетот во Вирџинија изјавил дека никогаш порано не размислувале за тоа, затоа што единствена цел била да го извлечат бебето што побргу. Меѓутоа, со новите сознанија тоа се сменило, особено по истражувањето спроведено во Шведска кое докажало дека само 0,6 % од новороденчињата кои чекале на пресекување на папочната врвца имаат недостаток на железо во крвта, што е во споредба со 5,7% кај оние на кои им се пресекла веднаш, многу значајно. Исто така, бил забележан подобар развој на моторичките вештини кај оние кои чекале.
Недостатокот на железо е забележителен кај дури 8 до 14 отсто од новородените. Причина за ова често знае да биде токму тоа што е папочната врвца пресечена веднаш по раѓањето. Меѓутоа, земајќи предвид дека папочната врвца содржи имуноглобулини и матични клетки, некои од научниците се загрижени дека одложувањето на времето на сечење на папочната врвца би можело да се одрази на одбранбените механизми на детето. Наспроти тоа што многу болници го усвојуваат ова правило, општо познато е и дека востановена пракса е сѐ уште пресекување на папочната врвца веднаш по раѓањето. Но од National Institut of Health истакнуваат дека се надеваат дека праксата на одложено пресекување ќе се усвои ширум светот.Истото се советува и во врска со постелката.
Во светот моментално постојат барем 16 студии за тоа дали треба папочната врвца да се пресече веднаш. Оние кои се против чекањето како аргумент наведуваат ситуации во кои мајката или детето се загрозени. Оние пак кои се ЗА, наведуваат дека предвид се земаат само ситуации кои се целосно безбедни за мајката и за детето. Првите неколку моменти од животот на бебето се од исклучително значење, па токму затоа е важно да се донесе правилна одлука. Меѓутоа, ако се осврнеме на тоа дека бебето веќе поминало 9 месеци во мајчината утроба, која му била извор на храна, енергија и сигурност, веруваме дека дополнителна минута на поврзаност со мајката не може да штети, напротив, може да го направи посилно за светот во кој доаѓа.
Фото: Pixabey