Под хеликоптер родителство се подразбира оној вид на родителство при кое цело време го следите и го контролирате вашето дете, во секој сегмент од животот на детето, од пишување домашни задачи, играње, одење на училиште до јадење? Еве зошто треба да престанете со тоа.
Мора да престанете со овој начин на родителство, особено ако детето достигнало одредена возраст кога му е неопходна самостојност, кога ќе дојдат некои поголеми обврски, но и дружење и прва љубов. Овде мислиме на оние мали симпатии во 4-5 одделение.
Кога ќе почнат малку поголеми обврски, време е детето да научи како да го распореди своето време и како да се организира без ваша помош, во спротивно вашето дете ќе бара помош до крајот на животот. Дозволете му на детето само да процени што и како, доколку е потребно, нека направи неколку грешки.
Ако престанете со овој начин на воспитување, повторно ќе се доближите до вашето дете, бидејќи веќе нема да има кавги за пишување домашни задачи и читање, детето сигурно ќе биде поотворено да разговара со вас за некои проблеми и сомнежи.
На овој начин, детето учи како изгледа независноста и тоа е она што е најважно во целата приказна, а вие ќе можете да сметате на тоа дeка ќе стори сé без да го опоменувате.
Кога детето ќе започне да се грижи за своите обврски за првпат во својот живот, тоа ќе може да почувствува како изгледа вистинската гордост, бидејќи ќе ја сноси целата заслуга за своите задачи. Од друга страна, како што детето надминува само одредени препреки, неговата самодоверба ќе расте.
Ако направи некоја грешка, немојте да правите од мува слон, бидејќи секоја грешка ќе биде чекор напред кон решавање на проблемот. Кога станува збор за социјалниот живот, очекувајте напредок затоа што детето ќе биде водено само од сопствените чувства и суд, а не од вашите.
Ако одлучите да престанете да бидете хеликоптер родител, мора да знаете дека ќе биде тешко на почетокот, и за вас и за вашето дете, бидејќи тоа одеднаш ќе мора да се потпре само на себе, а не на вашата безрезервна помош. Одеднаш, тоа само ќе мора да седне и да напише домашна работа, да следи кога е време за училиште и да се подготви за да не доцни. Се разбира, тоа не значи дека треба да се исклучите од животот на вашето дете, туку само да му ги препуштите конците од неговиот живот и обврските. Без оглед колку ќе биде тешко на почетокот, истрајте, бидејќи резултатите ќе бидат одлични.
Фото: Pixabay