Зошто треба да престанете со хеликоптер родителство?

Дали сте и вие еден од оние родители кои апсолутно го контролираат секој сегмент од животот на детето, од пишување домашно, играње, носење во училиште па сѐ до јадење?

0
188

Таканареченото хеликоптер родителство подразбира дека вие цело време го надгледувате и го контролирате своето дете восекој сегмент од неговиот живот, од пишување домашно, играње, носење во училиште па сѐ до јадење.

Со хеликоптер родителството мора да се престане особено ако е детето на некоја возраст кога му е неопходна самостојност, кога ќе дојдат некои поголеми обврски, но и дружења и први љубови. Тука мислиме на оние мали симпатии во 4-5 одделение.

Кога ќе почнат нешто поголеми обврски тоа е време детето да научи да го распореди времето и да се организира без ваша помош, во спротивно, од вас ќе бара помош целиот живот. Пуштете го детето само да процени што и како, ако треба нека погреши неколку пати.

Ако престанете со ваквиот начин на воспитување одново ќе се зближите со вашето дете затоа што повеќе нема да има кавги околу пишувањето домашно и читањето лектира, детето сигурно ќе биде поотворено да зборува со вас за некои проблеми и недоумици.

На овој начин детето учи како изгледа независноста и тоа е она што е најбитно во целата приказна, а вие ќе можете да сметате на тоа дека тоа ќе направи сѐ без да го опоменувате, па и самите ќе бидете порастоварени.

Кога детето ќе почне само да води сметка за своите обврски по првпат во животот ќе може да почувствува како изгледа вистинската гордост затоа што ќе ги има сите заслуги за своите задачи. Од друга страна, како што детето ги совладува препреките, така ќе му расте самодовербата.

Ако неколку пати погреши, не правете проблем затоа што секоја грешка ќе биде чекор напред кон решавање на проблемите. Кога станува збор за социјалниот живот, и тука очекувајте напредок затоа што детето ќе се раководи само со сопствените чувства и суд, а не со вашите.

Ако одлучите да престанете да бидете хеликоптер родител мора да знаете дека на почеток ќе биде тешко, како вам, така и на вашето дете затоа што наеднаш ќе мора да се потпира само на себе, не и на вашата безрезервна помош. Наеднаш ќе мора само да седи и да пишува домашна, да внимава да не задоцни во училиште и да се подготви на време. Секако, тоа не значи дека треба да се исклучите од животот на вашето дете, туку само да му ги препуштите кончињата на неговиот живот и обврски. Колку и да е тешко на почеток, бидете трпеливи затоа што резултатите ќе бидат одлични, особено за детето.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]